Дали никој од оштетените луѓе не беше слушнал за формален документ или едноставно сакаа да ги инвестираат емоциите во нов Тито, наместо во своите потомци кои набрзо стануваа огромен товар, беше бизарно да се размислува.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Зачудено го гледаше Татко, кој набрзо ја кажа тајната: Аполинер едноставно предложи дека само туѓите зборови, (продолжи на француски јазик qui ne sont pas, digrѕ` (кои не се сварени), можат да бидат отфрлени.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како: се наведнувам и од лавабото полно со вода го вадам со составени дланки својот одраз, кој набрзо истекува меѓу прстите.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во Маказаречката река останаа уште некои јаблиња кои набрзо ќе се исушат без дотекот на водата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Подоцна тоа неверување се претвори во тип на маничен заборав, па секогаш кога ќе се соочев со фактот дека тој не е меѓу нас бев изненаден, како таа информација да има само формална вредност, а никако суштинска... како таа општа констатација да е некаков трач кој набрзо ќе биде демантиран... лично од професорот Гуте кој ќе се појави однекаде и ќе ни раскаже како е таму, од онаа страна на цртата...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)