кој (зам.) - навистина (прил.)

Се испружив повторно на троседот загледана во она кутијата- телевизор, малиот вотвор кон светот, кои навистина личи на светско око, подсвесно чекајки, како оттаму само ке излезе еден ден чудото, решението на тешката загатка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Натаму, нему ќе му се допадне и профинетата иронија, зашто подбивната фантазија се извишува над обичното боење со црно на една ситуација која навистина беше црна...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не ми беше лесно читањето, бидејќи се работеше за текст пишуван на рака, со својствен ракопис, ракописот на учителот Димитрија Боте, кој навистина беше педантен, но сепак својствен, а покрај тоа и текст пишуван со еден правопис на кој не бев навикнат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во октомври тргна оној погребен процес „Хипи, верен син на мас медиите”, кој го организираа вистинските хипици, кои навистина беа вовлечени во организаци­ја­та на општествениот живот и кои ги презираа сите оние free-style клинци кои дојдоа во Сан Франциско во текот на летото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека се шетав наоколу сфатив дека војната во Виетнам изгледа многу пореално во Сан Франциско отколку во Њујорк - додека стоев на доковите, буквално можев да ги видам бродовите како заминуваат за Југоисточна Азија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа есен се чувству­ваше дека сета таа хипи работа беше уништена уште во текот на летото - едноставно стана премногу голема и премногу комерцијална.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За спомен на некогашната, барокна и полна со занменити зданија Варшава, новото поколение, кое одново ја изгради и тоа така, што да биде како порано, остави и многу траги од некогашното живеење - пајтоните, на пример, со кои навистина, во вемето на моторизацијата, е пријатна прошетката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога ќе наидеме на луѓе кои навистина сакаат да ни помогнат, немаме потреба да ги пренесуваме жедни преку вода.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Имаше и слики на постери од Сан Франциско што беше невозможно да се прочитаат и кои навистина многу ме возбудија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, едновремено, најчистиот филозоф е оној кој навистина им се обраќа на сите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Има тука и порочни, има луѓе кои навистина одат да удрат во некое дрво.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И покрај нивниот денешен поголем низок животен стандард народот изгледа незаинтересиран за подобрување на состојбата, особено што се однесува до животниот стандард кој навистина е малку полош отколку пред војната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Што е до Russia Bianca Кноблох тврди дека станува збор за делот од словенската екумена, кој се наоѓа на Запад (географски) и кој (во тоа време) се уште не го беше прифатил христијанството (можно е, сосем коректна мисла: постојат сведоштва за “бел” во смисла “западен” применливо кон Хрватите, кои навистина географски се наоѓаа далеку позападно од Киев како центар на Русија и Константинопол како центар на Православието).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во времето кога „Танцот со волците“ конкурираше за наградата на Академијата, оние кои навистина сакаа да бидат во тек со настаните знаат дека учеството во ова веќе започнато национално преиспитување зависи од нивната идентификација со оние „другите“, маргинализираните.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Сите геј-мажи што ги познавам се ужасни мурдари, а и ти си таков“, му рекла мајка му на писателот и критичар Џон Вир по телефон кога му се јавила за да поразговараат за Настрано окце за стрејт-дечкото и за подвизите на Фантастичната петорка: „Има шанса да ги донесеш да ти го исчистат станот?“ 344
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во меѓувреме, италијанските вдовици од Фајер Ајленд фрлаат откривателно светло врз овој доследен образец, кој навистина провејува во машката геј-култура и кој определува еден особен стил на машкиот геј-културен отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Морам да кажам дека ме чудат луѓе на кои навистина им се допаѓа филмов, а демек ги навредува тоа што некои од нас сметаат дека сосема му стои звањето – најкампест филм на сите времиња!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои од тие момци можеби се во стегите на реакциското формирање – жртви на интернализирана хомофобија или на родова паника, кои очајнички си ги потиснуваат и си ги одрекуваат длабоките, внатрешни копнежи по циц, по кадифе или по позлата – но тоа веројатно не важи за сите нив. ‌Моделот на Фелоус, исто така, не ги објаснува ниту естетски неврзаните геј-мажи на кои навистина не им е грижа за историјата, старите куќи, дизајнот или стилот, за чувањето на минатото и за живот во совршен ентериер и чиј вкус е срамотно подложен на чести, страшни испади.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Конкретниот есенцијалистички модел на машкиот геј-идентитет кој го промовира Фелоус, неговата визија за геј-мажите како природни старинари, архитекти реставратори, љубители на стари куќи и „чувари на културата“, не може да ги објасни оние мажи – а знаеме дека такви има, дури ги има и во значителен број – кои се страсни и посветени модернисти, кои инстинктивно мразат украси, мразат викторијанска ситничавост и детали од разни периоди, кои копнеат по чисти линии и по апстрактни форми, по простори на зен-чистота и по јапонска апстракција и кои ни мртви нема да ги најдат ниту на сто метри од некое милјенце.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понатаму, третирајќи го тој образец, чија највидна одлика е „родовата атипичност“, како претставителен за „геј-мажите што се склони кон зачувувањето“ (25) и најпосле за геј-мажите воопшто, Фелоус на крајот на краиштата ни ја наметнува како вистина за нас која мораме да ја признаеме – инаку ќе нѐ обвинат дека сме во состојба на одрекување (токму поради таквите тактики на виткање рака противниците на есенцијалистичките модели на хомосексуалната различност честопати го нагласуваат имплицитно принудувачкото, дисциплинирачко или „законодавно“ дејствување на есенцијалистичките теории).343 ‌Покрај сите тие проблеми, кои се типични за секој обид општествените идентитети да се претстават во есенцијалистичка смисла, во овој аргумент има и уште една слабост од толкувачки или критички вид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Човек кој остава ваков коњ и вакво чупале, рече, сигурно не е ајдутин, сигурно е некој чуен трговец кој навистина мислел да го врати Бошета ваш, и сам да се врати по коњов и чупалето, но може пореди снегов и студов го згрешиле патот па сега двајцата заедно лежат удавени или замрзнати, јали во некој дол јали во некој вир.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дваесет минути подоцна го чувствувам приливот што надоаѓа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Екстази почнува како кога се подготвуваш на добра журка со некого кој навистина ти се допаѓа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Многумина одеа, враќањата беа ретки, а тој, братот на девојките, Геле Накотник, се уште со војнички чекор и со кренато десно рамо од довчерашниот товар составен од кундак, цевка и други делови, отиде кај Јага Перуника најпрвин да му побара сметка на вдовецот за тајните во плевните и на ридиштата на кои навистина шумата се проретчуваше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пазарџиите, кој насмеа, кој навистина, сите како подготвени изјавија дека има и едното и другото — кај Батанџиовци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оваа теоретска претпоставка, изразена во многу форми, ќе се наметне како една константа во уметноста на овој век, кој навистина ќе се дефинира како искуство на самиот живот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Затоа и не реков дека за разлика од неговите сфаќања за мене љубовта претставува обично интимно доживување и дека токму поради тоа не гинам пред таквите метафори, кои навистина звучеа восхитувачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа, секој секого лаже додека, едновремено, друштвото ги сакати луѓето кои навистина се ментално вознемирени.  Дали мислите дека и една обична личност може да биде зафатена во еден таков систем?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секој може да биде зафатен ако е ставен на тапет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се сеќавам на рокот што го имаа: да постават изложба не во излозите на улица, туку горе во зградата, за компанијата која се занимаваше со продажба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас заборавив дека тоа воопшто се случило. Тој не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Трите академски идеи кои навистина ме интересираат се: она што мојот учител (говорејќи за Сезан и кубизмот) го нарекуваше „ротирачко гледиште“; сугестијата на Марсел Дишан да се досегне Неможноста на доволно визуелна меморија за меморираниот впечаток да се пренесе од еден на друг сличен предмет; и Леонардовата идеја...дека границата на телото не е ниту дел од зафатеното тело ниту дел од околината на атмосферата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа е само еден начин на штедење преку кој навистина можеме да дојдеме до нешто што тешко наеднаш може да се има, да се купи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Пелагија ја слуша, ја гледа, ама како да не е онаа Чана која навистина ја познава, оваа како да е некоја друга, освен што ја има позајмено големата снага на вистинската Чана!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За овој став на големите сили морале да водат сметка сите оние фактори на македонското движење на кои навистина им лежеле на срце интересите на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)