Спорот настана кога Ангелеска, во декември 1996, со решение за престанок на работниот однос, беше прогласена за технолошки 188 вишок – но, не и беше дадена испратнина (отпремнина) која законски ѝ следуваше, во износ на 12 месечни плати, како и пет заостанати плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работната атмосфера во фабриката беше прилично напната: работното време не беше стриктно почитувано од страна на генералниот директор (Г. Рафајловски), потоа работниците беа преместувани од едно работно место на друго по негова желба и сл. – што значи, можеме да констатираме дека, практично владееше еден вид на несанкционирано самоволие на директорот, како да оваа државна фабрика небаре е негова приватна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)