Тешко се одделуваа од живината, па и од крупниот добиток, кој обично мораше да остане во задругите, за на крајот да останат со козите, од кои немаше закон или сила што можеше да ги оддели.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не ни беше тешко да го откриеме шефот – кој обично носеше кожено палто и, по правило, имаше мустаќи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Бев изненаден од две работи. Прво, крај копаното имаше веќе тројца луѓе, првите посетители и љубопитници, оние ебиветровци кои обично се публика на секоја туѓа работа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Личи на оние згради за кои обично сме свикнале да бидат зданија на опери, библиотеки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога бев мал, ги сакав зашто за нив се врзуваа многу приказни кои обично, на домашните посети, си ги раскажуваа постарите палејќи ги, по скромните вечери, цигарите, додека по дневната соба се ширеше аромата на минатото што мирисаше на тутун и свежо свареното кафе, кое мајка ми го изнесуваше на стариот посребрен послужавник.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дали ќе ве изненади ако ви кажам дека и филмот разочара? •Хичкок: „Не, не, се согласувам, сметам дека сѐ е премногу комплицирано и дека објасненијата на крајот се премногу конфузни.” 144 Margina #22 [1995] | okno.mk Озлогласената (Notorius), 1946г. •Бев нестрплив додека стигнавме до Озлогласената, бидејќи тоа е ваш филм што најмногу го сакам.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Работев со Бен Хехт кој често ги консултираше славните психоаналитичари.” •Каква беше смислата на отворањето на вратата при првата прегратка на главните јунаци? •Хичкок: „Го замолив Бен да пронајде симбол во психијатријата што означува раѓање на љубов помеѓу мажот и жената, и тој ја пронајде вратата.” •Зошто за делот со сонот му се обративте на Салвадор Дали? •Хичкок:„Кога дојдовме до сцената со сонот, сакав потполно да прекинам со традицијата на филмските соништа кои обично беа магловити и нејасни, со екран што трепери итн.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
АМФЕТАМИНИ (AMPHETAMINES) Форма: Главниот вид на уличниот амфетамин е амфетамин сулфат, белкаст прашок (повремено содржи сивкасти или розеникави траги) кој обично се шмрка со цевка или се внесува интравенозно, но исто така се голта (завиткан во хартија од цигари или помешан со пијалок) или се меша со тутун и се пуши.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Очите ѝ забележуваа сѐ, и сега таа ги слушаше вообичаените звуци, за кои обично не беше свесна - ѕвечкањето на ножовите и виљушките кога ги допираа чиниите, мласкањето на усните што џвакаа и клокотењето на виното додека го сипуваа во чашите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Задржувајќи си ја љубовта кон гласовната музика на подоцнежиот период на романтизмот, па дури и на онаа од дваесеттиот век, тој смело сними низа песни и арии напишани исклучиво за женски глас, кои обично ги исполнуваа само сопрани.109
Се разбира, Даниелс не е првиот геј-маж што уживал во пеење, макар и насамо, велики дела од женскиот гласовен репертоар, како што ќе ви потврди секоја оперољубива кралица (а денес во геј-светот никој освен, можеби, оперољубива кралица нема да сака да ви признае нешто толку незгодно).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На оние, за кои обично секогаш имаше решение, секогаш завршуваа со „немам решение“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Уште на игранката, кога на својот врат го почувствува нејзиниот здив, изостана оној топлотен бран, кој обично надоаѓа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Рамномерното чукање на срцето на товарот кон мозокот на носителот не испраќаше никаков импулс кој обично требаше да го има.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Дувајќи ги осумнаесетте свеќи Виктор, кој обично го красеше скромност, овој пат помисли дури три желби.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ниту во очите на Виктор, ниту во очите на Ивона немаше искра која обично мами кон сочен бакнеж.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со овој систем би се избегнале трошоците и неефикасноста на државната контрола, а не би се охрабрувало постоењето на било каков црн, а можеби и сив пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Конечно, со тоа би се потврдила максималната важност на индивидуалната слобода, што претставува значајна тема која обично се превидува во расправите за наркоманијата. 77 за Наспроти тоа оваа стратегија би можела да има значајни негативни последици.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тогаш неговиот весел и полетен пев прострујуваше во куќата и тоа беше сигнал дека Камилски сретнал добар автор меѓу многуте книги во својата библиотека.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка, која обично влегуваше во Татковата библиотека да ја избрише насобраната прав од книгите, беше мошне изненадена кога врз работната маса на Татко ги виде книгите за лавиринтите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Веднаш на дофат крај големиот прозорец на фотелјата на која обично седеше и читаше Татко беше регалот со големите речници и енциклопедии.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски се враќаше дома потпевнувајќи една арија од Верди, која обично ја потпевнуваше во радосни мигови, но најчесто во својата библиотека, крај отворените книги, особено кога ќе наидеше на мисла при читањето, којашто ќе му го огрееше срцето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И во добротворните кујни (имаретите), кои обично се наоѓале покрај поголемите џамии, а во кои се добивала бесплатна храна и преноќиште често престојувале и христијани со подеднаков третман како и муслиманите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На слични маки се жалат и други уметници и творци од земји кои обично важат за „толерантни” и „еманципирани” во поглед на културата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Маргина 36 119 Игор Тошевски ДОСИЕ ‘96 Проектот „Досие 96” претставува поврзување на еден актуелен социолошко економски и истовремено идеолошки проблем со еден друг момент кој обично се третира како спореден: статусот на современиот уметник, уметничкиот чин и културата воопшто во една држава која се наоѓа во период на транзиција: како економска, политичка, така и психичка.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Зашто, ако слободното време и сигурноста беа уживани од сите подеднакво, големата маса човечки суштества, кои обично заглупавуваат од сиромаштија, ќе се описменеа и ќе научеа сами да мислат; и кога еднаш ќе го стореа тоа, порано или подоцна тие ќе сфатеа дека привилегираното малцинство нема никаква функција и ќе го отстранеа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа беше една улица во посиромашните квартови, со отворен пазар на кој обично имаше многу луѓе и врева.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Санџак-бегот беше населен меѓу нив како сокол извидник кој гледа подалеку и од нив двајцата, и кој обично на вљубените им го заашкува патот, со тоа што им го покажува.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Втората употреба се состои во генерирање на детали кои обично не би имал време да помислиш да ги правиш...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Наидоа на мошне убав прием и ја избегнаа судбината која обично ги следи книгите од помалку познатите книжевници.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Глупав потег и некарактеристичен за Дејв кој обично беше разумен човек.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
На судот животните ги претставувал адвокат кој обично ги бранел нивните дела со тврдења дека тие, како божји суштества, имаат исти права да живеат во одредена средина или да јадат некои билки.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Девојката, што ја имам милувано како најпосакувана вистина и по оние места кои обично ги сметаме за незаситни, наеднаш излегува од под меката сладострастна покривка на интимниот чин и со корбач в рака го казнува човекот кој и ја приредил неповторливата екстаза!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тоа претпоставува една потреба од долгорочни одлуки кои обично тешко се донесуваат.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Таму, на боиштето останаа и оние кои обично себеси се сметаа за неранливи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мислам дека тоа се оние прашања за кои обично велиме дека се многу лични.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во салонот кој беше и работна соба, беше празен столот на кој обично седеше професорката.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)