кој (зам.) - сигурно (прил.)

Кога ќе напаѓаа големи снегови, по кои ние израс­навме, секогаш гледавме во нив да не ги откриеме трагите од копитата на козичката Мила, која сигурно го бараше учителот, неговите деца, сите нас од времето на козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вака тој живееше и работеше мирно, во малкуто спокојно време пред неизбежните настани, кои сигурно не одеа во негов прилог.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека ги минував овие „бели населби“ веднаш ми идеа мислите на Македонија, која сигурно има поубави природни услови за развиток на туризмот, отколку Белгија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Аир ефендум, ошче за кумити сме ние старите. Не гледате, едната нога веќе ни е во гробот, — му се испушти на стариот Главчета кој ги беше фатил 99те и ѝ се надеваше на стотата, која сигурно ќе ја фатеше ако не беше пријателот Арслан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Главче почна да се правда дека тој од дома не може да излезе, а камо ли кумитлак да брка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Наместо да се прашуваме за изоморфизмот на невронско ниво (кој сигурно не постои), или на ниво на подоргани (кој постои но не кажува ништо особено), ние ќе бараме изоморфизам меѓу два мозоци на ниво на симболи, т.е. соодветствие или пресликување, кое за симболите од едниот мозок ги наоѓа соодветните од другиот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој бил свесен дека барањата за независна Македонија, „би биле загушени со сила од Грците, кои сигурно би се дигнале од цела Грција за да ги загушат“ бидејќи Грција била “ доволно сиромашна... за да ѝ се земе една од нејзините најпродуктивни територии“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Овде бев најблиску до семејниот дух кој сигурно струеше од едниот до другиот брег, и покрај тоа што, среде, Езерото беше поделено со невидлива граница.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко продолжи со истиот ведар глас: - Ако даде Бог утре да ги откријам сиџилите, кои сигурно се кријат во Битола, јас сигурно ќе го напуштам Судот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И покрај фрустрацијата и самосожалувањето, кои му ја замаглија визијата, тој забележа дека таа сè уште е бледа, но дека во неа има свежина и блесок кои сигурно доаѓаа од тоа што беше среќна во својата љубов.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Селата ги поврзува тесен макадам кој сигурно памети стари времиња и голем впечаток остава обработената земја.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Сега морам да завршам една итна работа,“ и ми намигна, па со една девојка, која сигурно ја имаше запознаено овде, во толпата, тргна кон грмушките на крајот од паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас продолжив да го барам брат ми меѓу луѓето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
До големата влезна капија под тремот сѐ уште добро сочувана крената на двете тркала беше свечената чеза, која сигурно одговарала на статусот на оној, или на оние кои се возеле во нејзе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Меѓутоа желбите и односот кон објектот го наметнуваат својот ритам, кој сигурно не е ритам на соматската сексуалност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Слабото, речиси никакво, знаење на македонскиот јазик, како и неговото нечленување во Комунистичката партија, го спасија и семејството од натамошната Таткова судска кариера, која сигурно ќе завршеше неславно за секогаш сомнителниот албански емигрант.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кејтен, кој сигурно пред сите ја чул бурата, уште со првиот звук, веќе беше излезен од спалната.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Основата порака на телеграмата, како и нејзиниот заклучок, кој сигурно беше насочен кон вниманието на претседателот Мојсов, произлегуваше од разговорот со Хабиб Бургиба Јуниор, за однапред подготвената сукцесија од страна на самиот Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Колку ли пати во животот му се препуштав на најризичниот пат кој сигурно излегуваше од стратегијата и орбитата на татковиот балкански егзил: како да се заобиколи затворот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше сигурно оти стариот Пико, во овие минути кога јас јурев по магистралниот пат напуштајќи ја Картагина, небаре во донкихотовска, дипломатска мисија, си го допиваше своето кафе во својата цветна градина, почнувајќи да чита нова книга, за која сигурно ќе ми раскажува, при наредната прошетка крај морето, а јас ќе му кажувам за своите дипломатски искушенија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога Ема ѝ велеше “Ти можеш својот пат да си го продолжиш овде, ги запозна нашите луѓе, тие те сакаат, гледам дека и ти прифати некои од нив, и сега на тебе е да решиш; да, јас ќе те разберам доколку сакаш да се вратиш дома, но враќањето дома велиш дека е ризично, затоа остани овде, се друго е непотребна и неизвесна авантура,” Илона ги сфаќаше добрите намери на полицајката, но го спомнуваше Јиржи, својот пријател Јирачек, кој сигурно ја чека во Равена (тајниот јазол на чешката врска, како што често велеше Илона), така се договориле последната ноќ помината заедно во мотелот “Мерси” на излезот од Хасково.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Јас сум задоена со таа работа,” ѝ велеше тогаш Илона на својата пријателка, по навика пеглајќи си ги рабовите на сукњата над коленото со десната дланка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Војникот, кој сигурно беше некој мал командант, категорично рече: „Ние ќе поставиме митралез на вашата чатија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги забрзуваше чекорите кон своите, кон семејството, кои сигурно беа загрижени поради неговото долго, непредвидено отсуство. XI Се вестеше крајот на фашизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во темната балканска ноќ, која се ритмуваше со шумот на брановите на Езерото, Татко ја продолжуваше потрагата по својата балканска Атлантида, која сигурно некогаш била напуштена и среќниот круг на животот бил завршен, а сега нејзиното повторно откривање беше можно во следењето на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Миризмата од чудесните јадења се прошири до реката, се помеша со свежата миризма која идеше од езерските води, која сигурно стигнуваше дури од родниот брег, од родната куќа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Запираше да го протолкува прекинот, трагаше како по атоми на изгубеното време, како во некаков систем, кој сигурно ја содржеше семејната полнота.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И затоа, почитувана Лејбовиц, кога во вашето прекрасно писмо спомнавте дека сте го читале делото на Јусуф Вриони Избришани светови, вие ги поттикнавте во мене спомените за него, кои сигурно не завршуваат само во ова писмо!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На крајот, госпоѓо Лејбовиц, уште еднаш ви благодарам за испратените примероци на новелата Козата на господинот Сеган од Алфонс Доде, кои сигурно ќе се најдат кај вистинските читатели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Според него, претензиите на Македонците спрема Солун би го предизвикале бесот на Грците, а тоа би можело да резултира во "жестока крвава војна, од која не би произлегло ништо добро".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, му ветил на Меклин дека тој ќе го вложи својот авторитет да им се стави крај на таквите активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Напорите на Македонците за обединување, според него, "би биле задушени со сила од Грците, кои сигурно би се кренале од цела Грција за да ги задушат" таквите тежнеења на Македонците, бидејќи и тој бил свесен дека Грција била "доволно сиромашна... за да ѝ се земе една од нејзините најпродуктивни територии" што, од своја страна, би ја направила уште посиромашна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тито, од своја страна, кој сигурно не бил во целост запознаен со она што се случувало на територијата на Македонија, на Меклин му одговорил дека сето она што се случува во Македонија се случува без негово знаење или одобрување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јас со своите четриест и осум кила едвај го носев тешкиот куфер кој сигурно тежеше некаде дваестина кила.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Основната противречност што отворено и јасно ми се наложуваше во скорешната мисија, како писател во театарската делегација беше: како да се избегне да се избере драма со утилитарна соц-реалистичка ориентација која сигурно не би имала успех на сцената на Албанскиот театар во Скопје.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ме маче­ше жед и глад, но имав уште многу, многу, неисцрпна сила за сожалување, блиско до можно простување, за однесува­ње­то кон мене на еден ,,заробен ум”, кој сигурно еден ден ќе се ослободи и ќе бара да му простиме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овој условен сојуз во библиотеката помеѓу религијата и кому­ни­стичката идеологија, кој сигурно имаше смисла само во татковите балкански алхемиски замисли помеѓу рационал­носта и ирационалноста, требаше да ја содржи страте­ги­јата на спасувањето, опстојувањето на неговото семејство во балканскиот егзил.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сигурно Бог, колку и да не верував во него, ми ја дари потребната сила во мигот, кога го забележав истиот џип со медицинска ознака, од кој сигурно ми се контаминираше храната и се организираше дотекот на врела вода во хотелите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Доволното количество вода што го испив на после­дна­та чешма ми ја раздвижи крвта низ дамарите, доволно да ме соочат не само со драматичната ситуција во која се најдов, туку и да ме наведат на мисли кои сигурно произлегуваа од силната доза на страдање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Кој знае колку е богат, си мислев, љубоморејќи им на неговите деца кои сигурно добиваат сè што ќе посакаат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И токму сака да се провери ако ништо друго дали барем е тука благата жена која сигурно знае веќе колку пати поминувале од тука, кога ќе ја стресе еден пријатен, мил глас Ќерко мори златна со денови сноваш по уличкава, нема неделен ден а ти да не поминеш, што мака ти тежи, каква болка ти се свила во срцето та што ти го подгорела тоа убаво лице?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа соодветствуваше со железната рамка на креветите и двете мали наткасни помеѓу, кои сигурно беа остатоци од времето на Тито.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)