Се најдов во толпата од неколку стотици илјади луѓе дојдена од цела Македонија и подалеку, која френетично ракоплескаше на зборовите на маршалот: Ако влезе и еден италјански војник на територијата на Трст, ќе влеземе и ние!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека се присетував на историјата на бродот Галеб и на неговиот пристан во Тунис, со кој Тито во јули 1953 година патуваше во прва посета на Велика Британија, се вратив во далечната 1952 година, во времето на раното детство кога се најдов на големиот митинг во Скопје на големиот плоштад, на кој говореше маршалот од средишниот свечен балкон на Офицерскиот дом (се сруши во земјотресот од 1963 година).
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)