Типките на пијаното се лепат за неговите долги прсти на неостварен хирург и нивното отежнато довикување ме воведува во Центарот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Слеговме во Стоби; тој ме држеше за рака; немаше во тој допир ништо сексуално, ништо еротско; ме држеше како да е светец и како да сака да ме воведе во света тајна; одевме, и набргу се најдовме на местото каде тој се имаше опиено, пред толку години, на екскурзијата, крај мозаикот со паунот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ми се причини дека ме воведува во некоја игра за која немав слушнато, а од која сепак, на крајот, ќе се појави некое чудно, можеби и непријатно изненадување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Животот за мене одамна престана да биде игра, и притоа најмалку ги сакам криенките - му реков. -Зар грешам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во мојот живот, речиси секогаш, некое делче од вистината, што најмногу сум ја посакувала, останувала скриена. Ме изморија таквите игри!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ја затвори вратата зад него и ме воведе во својата соба претрупана со лонци, калапи, четки, бои, парчиња гипс и стотици ситни ненужности.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се обидов да читам од книгата што ми ја донесе татко ми од Лондон за да ме воведе во тајните на англискиот, (со кој, како што тврди тој, „сите врати воживотот ќе ми бидат отворени и ќе станам светски човек“), ама ништо не ми влегуваше во главата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Првиот учител, што одвај, одвај го паметам, беше еден висок, жолт Црногорец, Панта, кој како забаваче ме воведе во училиштето и кој знаеше родителски да ме земе в раце и да ме крене високо, високо, зборувајќи ми дека треба да пораснам дури до небото.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Бидејќи требаа да ме воведат во таквото искуство, немаше никаков обид ситуацијата да се структуира во врска со проблемот на проектирање на објектот за ментално болни.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ме бакна во образ, го зема шишето вино што го донесов и ме воведе во собата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Чагас заболување“, повторив не знаејќи што точно да правам со себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Чагас заболување“, рече таа насмевнувајќи се и широко откривајќи ги своите големи и совршени заби.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)