ме (зам.) - вознемири (гл.)

Макар колку да има време, мене истовремено ме вознемирува тоа што јас не ќе мозам да видам кога ќе се стемни за да ја спречам несреќата што на мојот дом му претстои.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа ќе ја научи на памет другпат да ме вознемирува!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Апокалиптичарите“ што трубат за смртта на уметноста воопшто не ме вознемируваат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Чудно но, тој месец дена што сега го споменав никој повеќе не ме вознемири иако бев сосема скршен и неспособен да се бранам ни пред некоја најмала навала што евентуално можеше да ме снајде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ноќе знаеше да ме разбуди и да ме вознемири со нејзиното прашање: „Радо, јел’ капе ово моје“?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ова ме вознемирува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ова откритие ме вознемири. Всушност ме вознемири фактот дека техниката на пишување ја имам видено некаде, но не можев да се сетам каде?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и овде, на скаливе, додека седев пред нашата влезна врата, слушав како тој плач постојано се качува угоре заедно со сите оние гласови од месарницата што бавно но упорно ја освојуваа куќата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да ме вознемирува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште паметам дека Катерина почна да се смее кога реков дека многу ме вознемирува блеењето на јагнињата и дека ќе го затворам прозорецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овие и некои други слични размисли не беа во состојба да повлијаат да помислам дека картичките извезени со стихови всушност не постојат и дека се загатка што ја испраќа сонот за да ме вознемири.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да не спомнувам сега дека ова се случуваше во оние години кога уште верував дека човекот поминува само низ еден живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И наеднаш, без нагодувања ми наиде помислата: колку ли голема била стрпливоста па дури и задоволството на Стариот писател додека пополнувал такви бели картички! Па од каде сега тој?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Токму затоа вчерашниот земјотрес не ме вознемири предизвикувајќи ми некаков смешен страв од смртта, туку поради тоа што направи вистински хаос во куќата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Набргу мина на главната тема: - Утрово ми рековте, морам да признаам тоа силно ме вознемири, дека ние сме го убиле природниот Бог во душите на луѓето и на негово место сме го поставиле партискиот Бог?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа е култура што ме вознемирува и ме смирува, што ме одушевува и ме лути, што (често попусто) се обидувам да ја разберам; понекогаш ревносно ја бранам, другпат резигнирано ја отфрлам и ги одобрувам аргументите на нејзините најнемилосрдни критичари.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Разбирливо е што доаѓаат до спротивни заклучоци и определби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овој напис е, се надевам, израз на таа подвоеност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се израдував кога уредникот ми предложи размислување за популарната култура и толеранцијата, бидејќи се работи за прашање што веќе долго време ме вознемирува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тоа не гледам ништо лошо; според мене таквиот однос кон феномените на популарната култура е најсоодветен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И не само мене; имено, во последните десетлетија, сѐ поинтензивно му се посветуваат низа мажи и жени што размислуваат и пишуваат, при што поаѓаат од што е можно поразлични претпоставки, критичко-теоретски насоки и идеолошки убедувања.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова сознание малку ме вознемири. си спомнав на тоа што татко ми ми објасни дека момчињата во пубертет се поулави од другите, дека сакаат да се прават важни и неустрашиви и дека се наклонети на непредвидливи нешта, само и само да го привлечат вниманието на околината врз себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ја сфаќам сега, - реков, и за првпат тој необичен град на мртвите што се простираше пред моите очи, така застанат на ритчето крај гробот на дедо и баба, престана да ме вознемирува и растажува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Денес е петок и моите другарки, сестрите – близначки Вања и Тања, токму во овој миг се наоѓаат во Евродизниленд во Париз.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам зошто се расплакав, што толку многу ме вознемири, не успеав да сфатам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Игбал седеше крај мене и тогаш сфатив дека бил цело време тука, само што не сакал да ме вознемирува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе сфатиш, има време, не брзај – се насмеа тој, читајќи ми ги мислите. – Јас ќе бидам среќен заради твојата среќа, а тажен, ако си тажна и ако не ми успее да те утешам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, мислата на Игбал не ме израдува како порано, туку ме вознемири.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ајде – рече и ми ја подаде раката за да ми помогне да станам. – Ќе те одведам на една прошетка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа мисла директно се поврзува со едно мое сеќавање и ме вознемирува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се причини, прв пат така почувствував, некако нестварен, далечен, недофатлив, како да не е од „овој свет“ туку од некој друг. ***
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)