ме (зам.) - воодушеви (гл.)

Куќичката ме воодушеви, била правена за викендичка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Градот Викторија ме воодушеви со својата убавина.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но, овие неколку написи на нашата пријателка искрено ме воодушевуваат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Очите му светеа со зелен сјај, и признавам, тоа најмногу од сè ме воодушеви кај него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Мене „Малиот принц“ не ме воодушеви кој знае колку.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И во двете димензии романот е еден од најдобрите начини да се види уништување на идеолошкиот универзум, затворен и суров, но без да се каже било што директно, и тоа е што ме воодушеви во ова дело...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Василис Василикос во поговорот кон грчкото издание на Времето на козите Времето на козите ме воодушеви и ме научи за многу работи за нашиот Балкан, толку многу дискутиран, а толку малку познат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа што ме воодушеви во романот е трагично – поетската димензија и симболиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)