ме (зам.) - враќа (гл.)

Тој знак, од кој тврдам дека почнува мојата приказна, е патоказ од тврда, жолта и наместа згрбавена ламарина, испишана со кирилични букви: Франкфурт – натпис кој сериозно добро го погледнав додека автобусот кој ме враќаше од Скопје шмукаше бензин на пумпата пред родниот град.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И така долго претворен во дожд сал блиското давење на моторите и чадот од другата страна на уличниот порој ме враќа и потсетува дека седам во тремот додека врне дожд додека врне додека врне долгоочекуваниот градски дожд на летната квечерина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Траеше тоа бесконечно долго; најпрвин ме скокоткаше, и јас се извлекував од под него, но тој постојано ме враќаше назад, нималку нежно, со грубите раце, и продолжуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
9. По еден состанок на Грамос, ме втаса курирот и ме враќа назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Појди онаму, а таму ме враќаат назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после пак на санка, ме враќаат во фабричкиот логор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во пет часот ме враќаат в ќелија и иде лекар да ми ја прегледа ногата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Леле, не се сеќавам колку пати сум тргнувала, сум ја искачувала коријата, ама молежлив глас ме враќал накај домата - Ќе дојде, мајчице мила... ми вети... ќе дојде...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се обидов да ја совладам слабоста што ме враќаше кон мојата смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш се случи. Зад некакви изглодани карпи со дамки се појавија двајца на чии лица претчувствував клунови и птичји очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Свекрвата мене да ме брка, кај моите да ме враќа по толку години алајка и робинка што сум била во куќата на домаќинот мој! Кај се чуло и кај се видело?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Григор секогаш се жали, а никогаш празен не ме враќа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И којзнае зошто сето тоа ме враќа кон нешто поминато и познато.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)