И додека ветрот сѐ посилно фучеше околу нас разбранувајќи го песокот, пустинското дете ме довлечка до клекнатата камила и ме натера да ѝ се качам на грбот.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Но Клачо почна да раскажува на широко: - Ме фати кметот за рака, ме довлечка до столот и ми рече да седнам.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ако ништо друго можев да му речам барем “овардз“, што кога ќе се прочита наопаку, може да се изговори и како здраво.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)