Како боли Секоја минута живеам од магијата на твојата едноставност... секој миг се надевам дека ќе ме допре твојата мила рака.. ќе ме погали и ќе ми дари мир во душата...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Да не се срамам кога ме гледаш, а не можеш да ме допреш.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
КУРТА: Да ме допрат?
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Јас сум распарчена во секоја судбина што ме допре, во секоја судбина што ја допрев.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Радоста, попрецизно, потекнуваше од сознанието дека на оваа висина никој не може да ме допре.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Чувствував дека сѐ е надвор и дека не може да ме допре.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Чувствував дека сѐ е надвор и не може да ме допре.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Последните години, сепак, лошото ме допре и почна да ја ранува мојата душа.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Соња Малецката Сè што ќе се искоментира по ваков текст е бледо, ама ме допре ептен... нежно, грубо... остро, тапо... убаво, грозно..
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Или, гласовине, што не избираа ни час, ни време, дури ни патека само за да допрат до мене биле и нешто друго освен нашепнувања?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што ме запираше да го сторам тоа? Дали сознанието дека многу од тие случувања само ме допреле и одминале а за нив ќе дознаев откако ќе беа прогласени за недоразјаснети тајни? Или не ќе да беше така?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се обидов подлабоко да дишам, но не можев.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ја помириса кожата и потоа ја испружи долната вилица со долгите, тенки заби, а влакната од брадата ме допреа по прстот и малку се наежив.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сакав да вриснам, но замолчав веднаш, нешто ме сопре, тој здив на светост и заборавена вредност ме допре.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Чинам се најдов во оперативна соба, пак мојот омиленик доктор, хранејќи се од задоволство и љубов, ме допре со аморната справа ме удри ме уби, ме улови...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Чинам се најдов во оперативна соба пак мојот миленик доктор хранејќи се од задоволство и љубов ме допре со аморната справа ме удри, ме уби, ме улови...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Кога и јас самата отидов за да ги видам со свои очи, она што најмногу ме допре беа нивните усти зинати од глад по туѓото ; и празните погледи им ги видов на воините, загледани во ништожноста.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Седна поблизу крај мене и при тоа долгите коси ѝ се растурија на моите гради, ме допреа до лицето како крило на птица и тоа ме возбуди: ми заиграа жиличките по кожата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Колку навикнати бевме несмасно да се плеткаме, колку совршено непогоден беше нашиот тајминг, како мислевме дека енергијата е екстаза. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 177
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На ќор-сокакот на нашата „патека на љубовниците“- споредна уличка со напуштени фабрики - каде што јас го усовршив движењето на прстите со кое за миг се откопчува градникот; зад јоргованите во Паркот Маркет каде што прв пат ме допре преку фармерките и твоите пупки, набабрени под проѕирниот памук, ми се чинеа лилави како јоргованите; на балконот на новиот Театар Кларк каде што си ги избришав дланките од солта од пуканките и ги протнав меѓу твоите бутини, а ти прошепоти, „Се чувствувам како Дорис Деј да нѐ гледа,“ - и тука не го направивме.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се сеќаваш ли на таа со топлина смирена ноќ, и ние двајцата, со пот соединети, треперејќи како низ Плажата Оак Стрит да беснееше некој вонземен ветер којшто само ние го чувствувавме?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)