ме (зам.) - дочекува (гл.)

По смртта на Сара, неколкупати ја посетив Клара во нејзиниот дом, но таму ме дочекуваше непријателството на нејзината мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара беше отсутна дури и кога Клара беше дома; јас ѝ зборував, но знаев дека таа не може да го чуе она што го кажував.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зар можеше да е тоа истата онаа девојка која уште пред некој ден ме дочекуваше во ходникот за да ме обавести дека во вечерната програма на телевизијата ќе се прикажат прекрасни филмови, но дека најдобрите играат сепак во киното Центар.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)