ме (зам.) - жали (гл.)

Ако жена не донесов ѓул- трендафил во одаја верна, добра млада љуба - не ме к'лни, не ме жали; во борбата другарката с'лнце сјае, с'лнце трепти!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Не ме колни, не ме жали! Не ми нижи низа клетви!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
А се собрале околу мене како на мечка со даире. Ме жалат!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Ти благодарам Лисо, на "добрината", но ти ќе ме извадиш не зашто ме жалиш, туку за да ме изедеш.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ме вџаши нејзиниот мир. Неискажливо тажно, без отпор, нејзините очи ме набљудуваа од друг свет , како да ме жали и теши во ист миг.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Мајка ми да ме жале и дури ѝ гледат очите, либето да не ме жали, оти ми беше неверно.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Што сакам сега да си умрам, па да видам како ќе му биде после нему, дали ќе ме жали и дали ќе плаче по мене.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И така продолжив да си фантазирам – имаше еден брег, секогаш си велев – да се фрлам, а потоа си мислев, пак никој нема да ме жали.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)