ме (зам.) - забележи (гл.)

Се готвам и да викам зашто не ме забележуваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тогаш ме забележаа дека јас влегов.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веројатно дома пред огледало учи како да се насмевнува и како да ја тргнува кадрицата падната врз челото.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се насмевнува како артистка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И колку да сум добар, наставникот никогаш не ме забележува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Претпоследен вежбам на справи, претпоследен прескокнувам јарец, претпоследен добивам топка в рака... сè претпоследен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа мене не ме забележува, иако се џарам во неа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зошто токму јас да се редам претпоследен?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вие само да му припукате на другата страна од гумното за да не ме забележат мене кога ќе пала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Една женска ме забележува и ми се закачува.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Подобро не!  Зошто?  Ќе ме забележат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
То ест, полицајците ме забележуваат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Црниот човек сигурно прв ме забележа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Или си вообразувам!? (А кого уште го има за да побара совет и помош?) Сега, на оваа нова раздалеченост од Ивана, сфаќам дека тргнал да налее вода од потокот (или веќе има налеано?) па откако ме забележал застанал да ме пречека!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не можам дури ни да си претпоставам дека заборавил на каде се има упатено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти, Пенчо, в капа и в пазуви, а ти, арслане, најпосле ме забележа - в бовча.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стариот не ме забележува; тој непрекинато пуши и го трие коленото со голема дланка замислено нишајќи го горниот дел од телото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го забележав или тој ме забележа мене меѓу групата посетители кои, свртени кон водичот, му ги оживуваа зборовите и ги гледаа калуѓерите и нивните црномантијни братства во тајните отвори и одаи, во длабоките студени пештери и ќелии.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Доаѓа времето кога околината ме забележува дека се вовлекувам во погрешен тунел.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ме допрати до главната излезна порта на која стоеја неколку војници наоружани со калашникови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бешир беше крај мерцедесот. Ме забележа замислен. Не му реков во кој правец да вози.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јасер Арафат имаше среќен израз на дете кое најпосле ја добило најсаканата играчка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минаа крај дипломатскиот кор со војнички поздрав. Го познаваа сите, познаваше и тој многумина. Запре кога ме забележа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Почнав да се лизгам по стомак, но некој од левата страна на коритото ме забележа и почнаа да пукаат по мене, целата ме покрија со прашина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Избор немав, пред мене се појави пресушено речно корито каде што тече вода само кога врне.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сега вие гледате, дека јас од двата тротоара се движам само во една насока, со што се достигнува невозможност да ме забележат и природност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Ќе а гледам кога ќе иде одѕгора и никој нема да ме забележи", — си ја направи тој сметката сношти под покровчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури потоа ги отвори очите и ме погледна толку изненадено што се чинеше дека за прв пат ме забележува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но збунетоста брзо исчезна и нејзиниот поглед повторно беше преполнет со благодарност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вие не ме забележавте. Тебе те препознав веднаш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Надвор, не сакав да ме забележуваат... му удирав понекоја клоца...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ме разбираше добро, ме оставаше на мира...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Се престори дека не ме забележа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури ни не трубеше, како што постапуваше секогаш кога го напушташе дворот“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, ако е тоа така, тогаш не ми е јасно зошто јас сум андер­граунд, кога мојата единствена желба беше луѓето да ме забележат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, дали тоа истовремено значеше и дека тие се “уметнички” или “валкани” или “откачени” или “без заплет” или “скокотливи” или нешто сосема единаесетто?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да бидам искрен, јас немам поим што значи тоа: андерграунд, освен ако под тоа не се подразбираше дека ти не сакаш никој да дознае за тебе и да те вознемирува како што тоа го правеа за време на Сталин и Хитлер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се допирам себеси и одново да не ме забележи никој ја допирам и глината од која ме пресоздава скулпторот.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Секој пат кога ќе се сретневме, се правеа дека не ме забележуваат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога ме забележаа ми упатија поздрави, со ироничен призвук.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Се свртев и се обидов да плукнам низ заби како што тоа го прави Абраш, ама плуканицата ми се исцеди низ брадата и јас набрзина, пред да ме забележи некој, ја избришав со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас по него на извесна оддалеченост, за да не ме забележи оти го следам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Минуваше крај мене како да не ме забележува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)