Но мене ни во тој последен миг од моето умирање претседателот на Републиката не ме заборавил.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Немојте да ме заборавите! - рече Гоце.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Реков за што станува збор, дека не е голем проблем, дека за час може да се реши, но тие едноставно ме собраа, рекоа дека таму ќе објаснам, ме одведоа во квартниот оддел на полицијата, ме ставија во едно тесна просторија зад решетки и ме заборавија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Немаа време. Мене ме заборавија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Тоа е Белуш“ - си помисли Бојан. - „Сигурно не ме заборавил!“ и слободно чекореше кон колибата, иако оздола, откај трлото кучињата настрвено тргнаа кон него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Никогаш да не ме заборави... Никогаш да не ме заборави...“ шепотеше Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- И ти да ми го извадиш ластикот од гаќичките и од него да си настегнеш праќа, па да ме заборавиш мене и да тепаш врапчиња? - О, никако!
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Служителот ме заборавил и ме оставил три часа повеќе во пустата училница.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ме сожалуваа. Бев дете и немав ставено дланка на женска дојка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Главата му висеше како туѓа, како извлечена од безживотен песок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јас само можев да ги слушам, да јадам или да спијам и да не прашувам ништо - прашав, ми кажуваат а ме заборавиле: сите се мачевме исто, секој се грчеше од своја болка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ме заборавија кога Илчо Просинек почна да раскажува како бил млад роб кај некој трговец Евреин во Солун, слугувал, продавал газија, сапун, сол, суви риби, зашеќерени бадеми и урми, ги миел во саботните попладниња тркалата на стопановиот пајтон, ги тимарел коњите, метел, окопувал јаболкници и лилјачиња, прередувал ќерамиди, хранел пци и мачки и чувал кадрави деца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Изгорената смола на мустаќите им ги покриваше усните. Говореа за себе или за некој друг.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Под неговите веѓи веќе немаше очи. Се исплашив дека ме заборавил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа седеа, долго пишуваа на друг лист и кога веќе мислев дека ме заборавија, го слушнав гласот на мајката: „Сега убаво пишуваш!
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
- Среќо моја, ме заборави! - Не, не! Не сум, тето!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Ти ме заборави. ми сврти грб.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ако решиш да ме заборавиш еден ден... во мене нема да згасне огнот, сѐ додека постоиш ти, јас од бескрајот ќе се надевам, дека барем уште еднаш.... ќе го слушнеш крикот на една вљубена душа барем уште еднаш ќе бидеш само мој!!!!
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Ако ме заборавиш Вечерва месечината е со чудна боја... а нејзината сенка ѕирка низ мојот прозорец... се обидувам некако да ја допрам. чинам ако ја допрам ќе сум блиску до тебе... зошто толку си ми далеку, колку ѕвездите .... како една најубава ѕвезда која ме мами...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
А на месечината гласно ѝ рече: „Сите ме заборавија, а мене ме уби веста за мојата смрт.“ Чудна птица беше тој Отец Симеон, се раѓаше како феникс: од пепелта на својата смрт.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ама би ден кога помислив дека Трајан ме заборавил.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Благодарам што дојде... не ме заборави...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тој можеше и да ме заборави мене...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ете, си имал к'смет, не те заборавил господ ни тебе, ама не ме заборавил ни мене.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мене ми се чине дека и он не ме заборавил, токо нема шо да прави.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Разбирам зошто ме забораваат.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Многу сум му благодарен што покрај толку многу изврвените ликови пред неговите очи, во долгите години на неговата работа со ученици, не ме заборавил.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Љубоморна сум на сите тие твои соименици. Заради нив може да ти се случи мене да ме заборавиш.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зар ме заборавија, си мислам и се собирам некако да станам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
НАЈУБАВИОТ ПРСТЕН ОД ОХРИД
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ќе лета со авион, ќе запознае нови места, нови другарки, можеби дури и ќе ме заборави?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Можеби ја научил Миру да лета, па сега двајцата го обиколуваат светот?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Оваа мисла сосема ме дотепа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но уште посреќна што сфатив дека брат ми мислел на мене во Лондон, а јас глупавата, се плашев сосема да не ме заборави, па и да не остане таму за секогаш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дали се сетил некогаш на мене, или ме заборавил?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)