Вие дадовте збор да ме закопате мене, да ме поцрните, дури су жив да ви и к'на коските кај шо ќе легните и да ви го уривам гробот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И при тоа знам што ќе ми биде радоста: ќе се радувам од тоа што ги извисив сите оние мои закопувачи кои на гробишта отидоа да ме закопуваат без мене.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Вам лага, мене чиста вистина, ако не, коски да ми истинат, пцишта да ме искинат, орли да ме исколваат, вземи да ме закопат, да би да ме отрујат, далги да ме однесат, молњи да ме црносаат, гламји да ме гламјосаат...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Јас сум одамна умрен, вели, ама заборавиле да ме закопаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Му завидував на храброста и на негово барање се заколнав брзо и секидневно: - Да ме закопаат веднаш ако кажам некому...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
4. На тие што ме најдоа заспан на работ на една џунгла, за да знаат како дојдов тука, им нацртав камила, а на нејзиниот грб едно црно и едно бело дете. Белото дете бев јас.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Сега разбрав: пустинскиот ветар можеше да ме закопа во пеоокот што го нанесуваше како со голема лопата.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Потоа ќе одам во сандакот да ги видам алиштата со кои ќе ме закопаат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Наместо под девет земји девет години пред тебе да ме закопаш Ти ме остави да скитам по патиштата Со сите да те барам и нигде да не те најдам - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
„Кај си бе, брат?“ ме пресече ко со нож машкиот тенор и ме закопа во асфалтот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А може и да сум умрен, вели, ама луѓето заборавиле да ме закопаат, вели и се притиска на градите, како да крие жива потполошка под дланките.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да не ме закопале недоумрен, си мислам. А може мртвите, и по смртта, можат да мислат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И кој ме закопа, дали џандарите ме закопаа, си велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мајката, да не умрев, си велам, ама кога умрев и кога ме закопаа, си велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А и како награда на оној што ќе ме најдеше некаде умрен - да ме закопа, да не ме разнесат мршојади...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Од смртта не се бега, синко. Само те молам пред да ме закопате, да проверите дали сум наполно мртов.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)