При онаа средба во јули, ме замоли да му ја дадам книгата на Алберт Сониксен, американски новинар и публицист, кој за време на востаничкиот период на почетокот од веков, се движел заедно со четите, вклучително, и во нашите краишта.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Носиш ли ракија, цигари, - ме прашаше Мите. - Не, - му одговорив. - Тогаш ќе земеш нешто од мене, - ме замоли. - знаеш, Германците не пуштаат повеќе од едно шише ракија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На сите прашања молчев, стоев со наведната глава.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Дури ниту мама не сакав да ја погледнам, кога ме замоли пред директорот и пред моите наставници да бидам пристоен.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
-Него лично ми го доведе Боге од Бањи, и ме замоли да го чувам како свое.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Именуваната Цвета Басотова всушност сметаше дека мојата интервенција е единствениот начин да си го поврати овој домашен раритет.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А тој Боге од Бањи беше единствениот од власта што ми тропна на вратата за да ми изрази сочувство и да ми раскаже за загинувањето на мој Иван.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа не значи дека не го сакаше или дека не беше подготвена да го прифати животот токму онаков каков што и беше доделен - рече Даскалов и ме замоли да му налеам една чашка од ракијата што ја донел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Изјавата на другарката Басотова не го објаснува она најбитното: дека токму таа мене личо ми се пожали дека и е одземена спомнатата скапоценост и ме замоли да и помогнам да си ја поврати таа скапоценост бидејќи само јас можев да посведочам дека во далечното лето на 43-та ја имав гледано кај неа и тоа повеќепати.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А во еден момент ме замоли мустачиња да ѝ нацртам!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Рече дека донел три шишиња комова, и дека се наоѓаат во ранецот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој, иако не го видел Ивана, слушнал како загинала притоа не го изустил дури ни своето име.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Меѓутоа, изгледа чувствувале професионална должност самите да си се информираат, како да мислеле дека дури и да ме замолат да им објаснувам или да се правдам би значело дека можеби ќе ме понижат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Почнав да ѝ објаснувам дека печената пастрмка е веројатно веќе изладена, но таа нежно ме замолува, допирајќи ме со показалецот по усните.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Секој ден одев во бараката за трудници и тукушто породени мајки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога се смири, ме замоли јас да го дадам името. „Амалија,“ реков. „Амалија,“ повтори Ева.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога ѝ реков дека сакам да ја насликам, таа неволно, се согласи, но ме замоли да ја сочекам по молитвата, да го стави апостолникот, камилавката и новата пана, ко што е Редот, ко што вели Законот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На заминување претседателот цврсто ми ја стегна раката и ме замоли да му ги испорачам срдечните поздрави на претседателот Лазар Мојсов и големата благодарност од тунискиот народ и од него лично за укажаната доверба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ми кажа, што ми кажа, па ме замоли да ѝ ја натопам устата со вода.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во тој миг слушнав како плаче и братчето Стеве а таа ме замоли: Миле, иако немам млеко да го надојам, ти сепак донеси ми го.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Устата ѝ беше како изгорена, не смееше да пие вода, туку можеше само да ги наводенува усните.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ме покани или, што беше необично за нашата комуникација, ме замоли идниот ден да најдам време за кафе во „Зона”, мал ресторан во приземјето на станбената зграда од левата страна залепена за нашиот Центар.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Круме Волнаровски пред две години пријателски ме замоли да ѝ обезбедам просторија во Прифатниот центар за да може да изведува настава за членовите на Машкото друштво “Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
- Не нагрдувај ме - рече малку подоцна - само тоа го имам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Потоа ја извади од мракот левата грижливо завиена во завои рака, ми ја подаде и ме замоли убаво да ја разгледам. – Како ти изгледа? – праша. – И дали можеш да си претпоставиш дека несреќата се случи додека седев на работната маса во мојата соба?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Ако посакаш некогаш да го сториш тоа, стори го внимателно, без голема омраза - ме замоли таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Никогаш не ѝ го простив тој нејзин каприц да се покажува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Поминувавме покрај Месарницата кога Катерина ме замоли да го кренам погледот угоре.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Секогаш кога ќе ме замолеше да ѝ го подадам тоа кожено коланче јас грубо го нарекував каиш. Нели, само за да ја збеснам!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
-Тој е шиптар а притоа и женет. Неговата жена ме посети: ме замоли да ја упатам во намерите на ќерка ми.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Убаво видов кога песот ме гризна, но потоа не само јас туку и Јана, а и човекот што беше дојден да ја дотера живата ограда околу градината сите констатиравме дека влезните врати во дворот и во куќата биле затворени и не постоел начин да влезе ѕвер во куќата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Убаво ме замоли другарот шофер: Најди ми го Нумо Дамовски вели и доведи ми го жив или мртов, вели.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од спротивната страна се појави Коста. Носи преграб ролни од хартија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Младиот човек во униформа ми пријде, ми го побара билетот, внимателно го разгледа и ме замоли да појдам кон Терминалот С (with bus).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Таа штотуку ја газеше испушената цигара, кога тој, со кавалерски, иако пребрз гест (типично козачки!), ѝ понуди нова, Marlboro.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Нели ти реков дека Рајна се пофали, кога дојде да ме замоли да ѝ помогнам да се сретне со Анатолиј, оти на серенадата што ѝ ја приредиле некоја вечер пред да ме посети, била испеана и познатата песна за Рајна Бурева но без прекарот на Бурева туку со името и презимето на наша Рајна Коцева!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Пред да испушти, ме замоли да му направам гроб, да има нишан, да знаат децата некогаш каде да го бараат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога 1962. бев во Јапонија, јошиаки Тоно ме замоли да напишам текст за часописот Мизуе, месечник за убава уметност (септември, 1963), кој требаше да го содржи вториот дел од уводот во методите на Марсел Дишан.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дишанови и јас често бевме повикувани на исти приеми.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со ваков став чувствував обврска, од почитување, да се држам подалеку од него, иако го запознав во почетокот на 40-те, а кон крајот на истите напишав музика за неговата секвенца во филмот на Ханс Рихтер “Соништа кои не можат да се купат со пари”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Е, тогаш ме замоли да те поздравам и ме вцрве, како што сега ти се вцрвуваш.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Јас сум трговец со маслинки, но ме возбудува животот наоколу. (Пауза) Дали сум јас трговец со маслинки? (Пауза) Ме замоливте да ве учам како да се однесувате.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Но пред некој ден Изабел ме замоли да ѝ донесам нешто од собата и тогаш на теписонот до креветот здогледав една голема книга а на кориците пишуваше „Водење љубов и пози во сексот“.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Еден петок одкако Бертран ги донесе момчињата од интернат Госпоѓа Изабел ме замоли да останам со трите деца затоа што тие двајца имаат договорено вечера со приатели.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во декември 1963 год. јапонското радио ме замоли да ги поздравам љубителите на музиката во Јапонија по повод Нова година (и тоа да не трае подолго од една минута).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сега сте вие претседател на акционерското друштво. DD ЕВ: Нема промени. DD ПТ: Зошто ја направивте Тајната вечера? DD ЕВ: Бидејќи Јолас ме замоли.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Толку интересно зборуваш, - ме замоли таа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Еднаш кога минував крај самопослугата ме замоли да ѝ купам леб и млеко...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Молња, - ме замоли, - ајде да ја прашаме таа тетка Данче: што се случило со баба ми?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Немој, - ме замоли таа, - малечок е тој, ништо не разбира.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Зашто пушката на чуварот остана кај мене кога тој еднаш ме замоли да го заменам зашто имал некоја приватна работа да си сврши...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пред да појде тој за Охрид, ме замоли само да не кажувам на неговите каде е и дека прави ревии.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)