ме (зам.) - исполнува (гл.)

Плитко е она, си велев, по кое не се копа длабоко. Да, ќе копам длабоко, и тоа ме исполнуваше со сила.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ме исполнуваше и тоа што дуќанот беше сместен на сред Трговски, на кое место постојано имав контакт со луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Единствено нешто што ме исполнуваше покрај децата на сестра ми тоа беше мојата работа како професор по француски јазик во основното училиште.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Чувствував дека сум сѐ уште многу мала, а тој татко ми ме исполнуваше со стравопочитување и знаев дека самиот ќе реши онака како што е најдобро.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)