ме (зам.) - испраќа (гл.)

Целата уметничка секција дојде да ме испраќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ме испраќаше на скалите, ми довикна: - Немој да заборавиш да го адресираш писмото за Игбал, па утре ќе го испратиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, чичко Ставре, татко ѝ, свика од дневната: - Кажи му на татко ти да се качи до кај нас, да се договориме за еден пациент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А твоите? - Ма, добро е што тој ден татко ми е на смена, а мајка ми ќе ја убедам да не ме испраќа дури до улица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По мене слегуваат и жените, ме испраќаат со детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не заборави што смо се договорили, вели Јоле, и ме испраќаат до врата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знам дека никој не ме испраќа, ама пак ми дојде да кренам рака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)