1. Кога те сретнав беше минато
крстоносна селидба, смртоносна веридба
сега спомен долг таинствено ме коле
љубовта со тага ме дои, нелулани мои
во мене некој исконски бол е,
сама сум како заборавено време.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Вистина, кога бев малечка, пет пари шеќерчиња можеа да ме насмеат кога бев лута или плачев како некој да ме коле, а денеска не!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Тие ме боцкаат под гушата, ама пак не ме колат. Јас само чекам да ги брцнат штиковите, да ми го прекинат јадот, маките.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Господе, дали некои Чечени дошле да ме колат, или самиот Архангел слегол да ми ја бара душата?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)