Како да ме лазат бубачки по целата снага, во полусон посебно ги чувствувам. Како да ми пливаат во крвта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ме лаза надолу по ногата и ме прижежува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Продолжив да возам по кршот од камења над кој се дига омарнина и колку повеќе се доближувам до купиштата од камења и земја каде беа последните куќи, чувствувам дека ме лазат морници.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Осеќам како ме лазат студени морници.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И мрави, мрави, што се вели, само да ме лазаат по прасците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А надолу по жилите, вели, ми слегува некоја топлинка, некое топло бубаче ми слегува надолу, вели, и ме лаза по жилите, по коските.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама, јас на трпението гледам како на особина од карактерот (нема човек што може со часови да чека на граница, а да не попизди), а мене мува не ме лази.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)