ме (зам.) - навреди (гл.)

Поверојатно беше дека се обидуваше да ме вразуми заради моето недоветно однесување во кое не постоеше речиси никаква почит и тоа во ваков, да го наречам со обични зборови, скрбен момент.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но не бев сигурен дека сакаше да ме навреди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Другите типови ми поминуваат одзади, ме опколуваат, ми се дерат, се бунат... ми се закануваат, ме навредуваат...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пак ми ја плукаат муцката... Ме заклучуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По еден миг, сам, почнувам да се тресам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Звучеа глупаво и празно, и никако не можев да му објаснам зошто мајка му ме навредила.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеби требаше да подзастанам и да си ја наместам блузата, за да сфати дека ме навредил, па потоа да му биде непријатно, да му биде жал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ах, Маци сака кај тебе! - рече мајката со бебешкиот тон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Е, сиот си мозок!“ подбивно рече Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Татко ми купи! Да не мислиш - татко ти ќе купи! Со кои вошки ќе купи!?“ Тоа многу ме навреди. Ми се стемни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Па токму со тоа си ме навредил: јас не сум никој... јас сум ти најпрва другарка... јас те запознав со сите...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Порано ти пишав дека ќе го напуштам логорувањето заради Ранч кој многу ме навредува, но тоа ти го напишав така, во лутина.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)