ме (зам.) - навредува (гл.)

Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се исправи, сиот свртен кон противникот, кон неговиот глас: „Зошто ме навредувате? Ваша жена ли милував?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти го тврдеше тоа или само се поигруваше со своето знаење за да ме спасиш од гилотината и тоа со единствена цел да можеш сега вака да ме навредуваш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Да... само забораваш дека потоа наиде и онаа Стојка, или Стојна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пак му се враќа на баењето.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ебате беља! Што ли сме направиле кутро девојче за да изродиме ваков паразит? за сто души изопачен!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се искривува за подобро да ме навредува...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Остро ме навредува. Мисли дека сум вампир испратен од пеколот за да го уништи, и во таа мисла ужива.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да му речам на Луис Марија: „Да се земеме и да ме однесеш во Будимпешта, на еден мост каде што има снег и некој“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Останува само Будимпешта, зашто таму е студот, таму ме тепаат и ме навредуваат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)