ме (зам.) - напушти (гл.)

Притоа не ме напушта чувството дека живеам во повеќе времиња.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еве зелената боја се повеќе кипне и ме напушта веројатно оставајќи ме во онаа ни црна ни бела светлина, во онаа студена сива челичност што не може да се избегне.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Набрзо ме напушти логичното расудување, па си велам можеби ќе бидам малку неразумна, ама мора да признаете дека приказните за магии сè уште постојат, особено во нашава бајковидна земјичка.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Овој зрак, значи, значи, кој веќе допрел цели 40 000 потомства, еве, со светлина ме напушта и мене...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Телото ќе рече - душата ми згреши: откако ме напушти, еве, лежам сега, како студен камен в гроб...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И штотуку наближам до Сена мојот поглед ја напушта земјата, ме напушта и мене и тргнува да плови меѓу ѕвездите... и нешто длабоко тогаш се вознемирува во мене: моето човечко битие, горе меѓу ѕвездите, го препознава својот древен дом, своето древно огниште, мојата роднинска постела...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Руенот процутел, дедо! - Заесенува, синко - одговори со тиха тага старецот. - Набргу и ти ќе ме напуштиш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој вид на самоказнување кое доаѓаше поради животната филозофија „сѐ или ништо“, а се сведуваше на избор на „ништото“ наместо на „средното“, не ме напушти и натаму низ животот, а особено подоцна, кога стапив во циркусот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Иако знаев дека Ботка е на катот и дека сигурно ќе сака да поразговара со мене, Изјавата што требаше да и ја занесам му ја предадов на курирот и го замолив тој да и ја однесе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прошетав низ едниот, потоа низ другиот ходник, а кога втасав кај скалите наеднаш ме напушти волјата да се качувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти, о дали свршеницата си сакана ја слушаш? Те прашам: кај ме напушти? ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Јас многупати сум го почувствувал тоа: радоста ме напушта и се наоколу црно ми изгледа – се согласи Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Слабоста ме напушта, моите нозе се зацврстија на земјата – одговори старецот мудро, избегнувајќи го одговорот на прашањето во врска со бикот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Возам полека и не ме напушта приказната за лошото што пред шеесет години се случи во Лерин.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гледам: доврте колцето, доклука воденицата, ме напушта виделицата, ме наплива темницата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Срцето ми престана, здивот ме напушти, гласот ми ја врза раката, морничаво се стресов.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одредницата „зорле“ воопшто не ме напушти.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Последната мисла, ко рунтаво куче, ме напушти во мракот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
“Кога го извлече копјето мислев дека ќе ја извлече и мојата утроба и кога ме напушти вжарено треперев во Љубов божја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тереза опишува како еден ангел со долго златно копје со вжарен врв повеќе пати ја “прободел до највнатрешната длабочина”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само да ти кажам оти вереницата ме напушти.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И така, ја одбив љубезната промоција на готвени јадења, супи, чорби и месено... зашто, ако некој треба да си оди од дома и да ме напушти, последните зборови сигурно нема да му бидат: „Да си ибеш векот, стварно убаво готвиш“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога ме напушта, јас ѝ простувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Мајка ти, бидејќи не сакаше повеќе да живее овде, во Германија, ме напушти.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Си го поминав животот како што сакав... Ѝ дадов на душицата сè што бараше, зашто знаев дека е гостинка во мене - еден ден ќе ме напушти...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Никогаш не ме напушти мислата за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еднаш кога ме напушти војската, втор пат кога ти не сакаше да стрелаш во мене со мојот револвер.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Имаше години како Мајка ме напушти и во соништата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Првиот што ме напушти како што знаеш беше лично мојот Благоја, кој откако се прикажа мртов херој го избра заминувањето како единствено решение, а по него еден по еден му се придружуваа сите негови другари од борбата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ќерката ме напушти - рече со шепот но и во шепотот можеше да се насети болката на гласот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден по еден ме напуштаа. Тетка Боса во минатата година побарала да ѝ издадат виза за да замине за Виена. Но ја одбиле.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ох, си реков, грмушката на стравот што зашумоли најсетне ме напушта...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Васј“, вели тој, „мојот Бог го оставив дома. Или тој ме напушти. Не знам. Што барам јас в црква?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знам, мирот трајно ме напуштил и не ми преостанува ништо друго освен малата школка што ја чувам во десниот џеб од панталоните да ја приближам до ушната школка; на сиот глас да ја пеам морската песна што ми ја шепоти, без да се грижам за тоа што луѓето околу мене не го разбираат тајниот солен јазик на водата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Воздивот нејзин ми зборува, ми прикажува... ама мене не ме напушта претчувството дека оваа голема густа мрачина навестува само зло... дека сме заедно, еден спроти друг, чувствуваме по дишењето и макар што мракот е голем и густ, ми се чини дека и во него се гледаме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Не ме сакаат во Аргентина.“ „Внуците ме испокрадоа а пријателите ме напуштија.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа додаде и некои поединости за раскинот со својот најблизок пријател и соработник Адолфо Био Касарес, за одбивањето да се врати во Аргентина, за француското издание на неговите собрани дела во Галимаровата „Bibliotheque de la Pleiade“ (дотогаш единствените двајца шпански писатели вклучени во оваа серија беа Сервантес и Гарсија Лорка).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сеќававме на претходните средби во Оклахома, Сан Диего, Лос Ангелос, Буенос Аирес, Мејн, чикаго, Пенсилванија, и на Харвард, каде што стана почесен доктор 1981-та.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше тоа необврзан разговор, кој скршнуваше од лични нешта на книжевни прашања, од храна на швајцарски обичаи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Колку да звучи себично но чинам дека тоа уште повеќе не зближи и не здуши, заедничкиот живот ни го направи поубав, но не можам да се ослободам од чувството дека ме напушти кучката откако од мене направи свое дете во се зависно од неа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уште малку ќе прејде и ќе ме напушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)