ме (зам.) - нема (гл.)

Некој празен простор и јас сум во сиот тој простор, но и мене ме нема во него.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Ако ме нема во животинско царство, не значи дека не постојам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Денот кога мене ќе ме нема повеќе, ќе видиме дали возот ќе излезе од шините.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Уште на тој список ме нема.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Утре мене ќе ме нема", ќе му рече и сè, сè со ред ќе му раскаже.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во следниот миг Фисот веќе беше станат и ме удираше со тупаници; по лицето, по грбот, по вратот, по слабините; паднав и тој почна да ме гази и да ме клоца; Луција врескаше, го молеше да престане, и јас слушнав како му се обраќа, интимно: „Фис, престани, те молам, престани; тој лаже, тој само се преправа дека е голем маж, те молам, Фис престани, тој ме нема допрено, јаде ќотек од гордост, Фис, тоа е сѐ!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но и да ме беше слушнала немаше да се појави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, Јана сигурно ме нема слушнато!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многу пати отворено ми има наговестено дека не претпочита улоги на сведок во утврдувањето на тугите слабости.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш, пак го чув темниот глас на Невидливиот кој ги повторуваше моите стихови, само малку подизменети: Душата ти се оддели Телото ти е Темна пештера Без ехо Го чув тоа и конечно се уверив дека вистина веќе ме нема.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сум бил, ме немало. Овде сум, утре пак ќе ме нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И пред сто години сум се мачел вака. И пред илјада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Една ме има, ами од што не е свесна работи да ме нема.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Одговори ружунчица тајно жалосно: „Мене мајка ми една ме има, как’ да ме нема!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: Ви кажав, мајка ми една ме има и гледа како да ме нема.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Едно за мене - патот да ми го осветлува Едно за тебе, Сонце мое, кога ќе ме нема, да те прегрнува.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дома ме нема по цела недела, та наместо мир и тишина да има и да одморам, ме очекува хаос.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако ме нема меѓу живите додека го читаш ова писмо, прости ми зашто и на оној свет твојата прошка ќе ми биде потребна, за вечен покој на мојата грешна душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Изгубен сум, сам на бродов! Посакувам да ме нема...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Преклопот на твоето тело и мигот кога ме нема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако не го почувствувам тоа, подобро и мене да ме нема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дозволи ми само уште една голтка од виното на љубовта, па нека ме нема...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По него клинка Дуковица и си шепоти: мене да ме нема, ќе ја запали шумава!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И во влечењето да се сопнеш, да паднеш, мајката пак ќе рече: мене да ме нема, чедо, оти да не бев јас, немаше да паднеш и да се удриш, ќе рече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да ме нема од овој беден свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Не мачи се...“ ѝ велеа. Но таа со шепот одвраќаше: „Ако... дури ми мрдаат прстиве ќе правам за кога ќе ме нема - во нив да ме барате...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И сега знам случајноста не е случајност... нашата е со причина... да бидам Јас кога не си ти.. и да бидеш Ти кога мене ме нема таму..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И ќе ме нема повеќе.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Затоа ме нема.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И така чекајќи полека ќе ми препукне душата како огномет... и ќе се распрсне дел по дел од мене... и ти не ќе можеш да ја најдеш... ќе те сеќаваат само минатите времиња... и ќе се научиш да се движиш по лизгава улица... по која и јас еднаш чекорев.. можеби тогаш ќе ти бидам најпотребна , но ќе ме нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тука сум а сепак ме нема.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Бевме собрани сите заедно. Тоа ретко ни се случуваше. Мене најчесто ме немаше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Облак под прозорецот, а мене ме нема.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Во весниците пишуваше дека Валери дошла многу порано, но, бидејќи ме немало, решила да почека додека не се појавам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Денес сум тука, утре ме нема, оти ќе одам туѓа туѓина...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЗАФИР: (Додека девојките пеат).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- У, да би ме немало! - сама се прекори мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мајка ми ќе се исплаши кога ќе види дека ме нема мене и ќе плаче, ќе ме чека...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Можев да поминам и низ неговата облека а тој да тврди дека ме нема забележано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мене увото ме нема излажано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој, како да го подразбра ова мое обраќање како прекор, си ја тргна насмевката од лицето, а додека ја затвораше вратата ми се пристори дека слушнав нешто како извинување, нешто како овде, во зданиево не е забрането да се разговара сам со себе, другарите ме немаат советувано да внимавам на такви нешта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, до него не пристигнуваа ни моите претпоставки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Останав уште поосамен кога бушавиот ја затвори вратата. Поосамен и збунет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никогаш! - одговорив сосема сигурен во моите сознанија и во најкуси црти му го раскажав она што го бев слушнал од собата на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Стига да не ме придржиш и повеќе ќе ме нема ако веќе го посакуваш тоа - ѝ реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Исчезнав и ме има А бев таму и бев тука Отсатноста чука, клука Исчезна и те нема Штом ме нема земај Од отсатноста, таа... тука.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Завет Пред да ми се отвори морето проговори: завети си нешто Јас реков: Поезијата, ме знае Тоа: Не, таа трае Јас: Љубовта, ме уби Тоа: Не што не се губи Јас: Среќата, ме нема Тоа: Добро, ќе ја земам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Често ме немаше дома по неколку дена. Кога се враќав гомното пасивно, секогаш беше тука.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
А јас, Пандо, кога ќе ме нема, не би сакал врз мене да има само земја...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако речеш пак не, ме немаш веќе! Ножов во градиве! (Покажува како ќе се удри.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Леле, нож! Томче! Теодосе!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МАНЕ: Кога ќе ме нема.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Водата повторно гргна во шолјата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бидејќи тетка Марија ме немаше видено никогаш во животот, веднаш почна да ме распрашува за мајка ми, татко ми, сестра ми, како и за членовите на семејството од страната на татко ми, кои никогаш не ги сретнала, но чии имиња, како по некое чудо, ги знаеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На сите им обрнуваше внимание, а мене ми се чинеше дека се однесува како да ме нема, се плашев нешто да му кажам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко ми погледнал назад, мене ме немало, само веленцето празно како лушпа. бргу се симнал од коњот и ѝ рекол на сестра ми која имала шест–седум години: „Борке, седи ти тука, јас да видам каде паднала Милка“.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ти ме лаеш ама не касаш. Зошто ако ме нема, не ќе знаеш што да правиш сам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Мене ме немаше дома.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Доцна е, и Цане ќе се загрижи што ме нема.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе се извардам некако и — да ме нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стомачето за инает за целото време додека бев излезена, остана дома, па кога дојде времето да си одам, откако ме немаше четири часа, тој се јави.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знаев дека тоа што ме немаше петнаесет минути и што се наоѓам во езерото далеку од нивниот поглед ќе го искористи за да му ја преведе пораката.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Го замислував како лежи на каучот изморен од бурните неколку дена и сега, кога му треба некој да го згрее и утеши, мене ме нема.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ниту шлаканица, а камоли повеќе, но во тој момент бев спремна на сè и немаше уста да отворам и да ме згазат, само да стигнам на сигурно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Моите ме немаат никогаш удрено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)