ме (зам.) - носи (гл.)

Нејќам луѓето да ме носат во лоши спомени, мислам не е фер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не сме се виделе толку години, а веќе од прва се испокаравме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе можеше да ме носи наоколу како кукла.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
По мене Времето се качува (повеј студен) И ме Осланува. колку сум заморен Колку сум заморен од животот Од летот во висините Од падот во длабините Од врели стрели Шибнати во слабините Та чувствувам како Молкум ме одминува светот И како Отаде Ме носат Годините. присет Воденичен камен. Јачменов леб.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Ме чувала додека мама била на работа, не се согласила да ме носат во јасли и градинка - како што ги носат другите деца.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сакав да го земам тате за рака. Да ме носи таму каде што е мама, макар и мртва.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Туѓите врескања се казна за моето молчење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш ме изнесуваат од нашата соба,” и се насмевна, како кога човек ќе си спомене на добрите стари времиња, “и ме носат во некоја од оние соби каде што врескаат, врескаат, врескаат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Води ме, само немој да ме носиш, - се насмеа Рада додавајќи - Значи тоа е твоето омилено место за егзекуција на твоите „трофеи“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Значи сакате да ме носите до дома? - Рада се пошегува, иако знаеше на што мисли Долгиот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Волшебна песна ме носи во црвен виор, а ти знаеш - јас го сакам саксафонот. И гитарите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ме носат назад кај Здравка. Тој молчи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вели: „Трагата на ѓаволот не му ја гледаш и пак по неа одиш“ , велеше Лазор Ночески и тогаш се сетив дека кај нас е центарот на светот и дека токму над нас седи господ и оттука управува со сѐ што е на земјата, а тоа го дознав уште на одење во Америка, оти колку повеќе се оддалечував од селото, толку повеќе се оддалечував од центарот на светот, дека секој чекор ме носи подалеку од господа, понакрај од земјата: кон работ нејзин, кон нејзината провалија и си мислев дека ако појдам уште потаму, ќе паднам и ќе паѓам,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се носам, животот ме носи. Пловам некоординирано.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Просторот толку бесконечно се бранува; дали некогаш течел кон едно место? Се распадна кората што ме носеше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Татко ми ме носеше в раце и плачев толку силно и клоцав со нозете што еден човек му викна на татко ми: Лазо, зошто детето не го остави дома, само го мачиш!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Другар! Офицер!“ викаше тој. „Не мора да ме носите на тоа место.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Петок Април говорете тивко тајните ме носат на раце говорете тивко сите да ве чујат говорете тивко и ќе знаете сè не говорете повеќе зошто сè се знае.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Една од песните, целина која заслужува место во антологиите, е следнава: говорете тивко тајните ме носат на раце говорете тивко сите да ве чујат говорете тивко и ќе знаете сè не говорете повеке зашто се сè знае Тоде Илиевски
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Празник е и подготвен сум за раѓање За доаѓање на светот што ве возобновува И ми дава сила пак да бидам дете Во рацете на Мајка И пак со молња и збор Да им се препуштам на водите Што ме носат И носат грамада камења Во кои ве препознавам Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
ЉУБА: Тоа беше на осми октомври, и врнеше дожд, - затоа што, јас си спомнувам, санитарците беа во мокри мантили, и моето лице беше мокро додека ме носеа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нека ми е живо коњчето, та какво и да е самарчето, ќе ме носи! — зборува Бојана и ја бели жолтата грчка волнена шамија, продолжувајќи: — На Вилка ѝ „навеза“ Ристе, да му даде господ илјада добрини ! . .. Море, море, море! Со злато не се докупува вој Ристе мој! — почна пак да го фали.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ме носи под земји, ме крева Над облаци, ме гори од мрак- До зори, со сласт и пороци Таа река која гори, гори Да ме согори, да ме измами Со жарот, од боговите дарот, Кога сме тажни и осамени Сами од себе заборавени?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
– „Море не велете ми аџија, бре селани им рекол Силјан, оти не би касмет да одам на аџилак, чунки дуовникот што ме зеде да ме носи се удави в море; оставете, браќа, не е за кажување и за верување тоа што сум патил во овие две-три години, ама ак ми беше тоа што сум патил оти од таткова и мајкина клетва не сум верувал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ох, не можам ниту да опишам колку прекрасно е таму, горе на небото, со ветерот што минува крај мене и ме носи како пердув.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потоа долго ме носеа во ќебе де угоре, де удолу, како во сон го слушав жуборењето на потоците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А сега бујрум со мене да ме носиш кај тој, како се викаше...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе се качам на мојот Циган, и нека ме носи таму каде што исчезнува самракот".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Па, јадеме, посебно кога бев помала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го погледнав, но тој веќе го цицаше врвчето од едно копанче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакаше да ме носи на ручек.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не ме носел на ручек одамна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Спомени на детство пак назад ме носат, по падини стрмни кога пасев стадо, во утрина кога окапена вроса со другари игравко овчарче младо...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Ме носи крвта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овде е полно агенти, вели, сакаат да ме украдат и да ме носат во Америка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме забраа да ме носат во Костур. На посигурно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ќе ме носите и ништо друго. Ме послушаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе заборавив на неа, трчам колку што ме носат нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
15. Ме кренаа да ме носат во Корча, во Албанија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По шест месеци, ме носат во Бутирскаја. Друг затвор, а темницата иста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се успале и сѐ некаде настрана ме носат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
13. Ме носеле борци од едно село, до моето. Коле и Алексо се викаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)