Момичке, ти си сега челична пеперутка, ништо не може повеќе да те скрши, и што е најважно, ѝ рекол еден од докторите, сега многу поцврсто си врзана за мајката земја.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дипломатскиот Рубикон мораше да се мине! Ништо не можеше да ме одврати од науменото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И токму како и секое зафаќање со поетиката, една студија за машката геј-културна поетика мора да се сконцентрира на дефинирање и на артикулирање на формите како ствари самите по себе.
Ако, и покрај сѐ, и понатаму постои ризик ова разгледување на поетиката на машката геј-култура да излезе есенцијалистичко, готов сум да го прифатам тој ризик – не само затоа што, откако голем дел од кариерата ми поминал во оспорување на есенцијалистичките пристапи кон лезбејската и кон машката геј-историја,161 сметам дека антиесенцијалистичкото досие ми е беспрекорно чисто туку и затоа што сметам дека ако таквиот ризик ме одврати од истражување на машката геј-култура, тоа ќе значи откажување од секаква надеж дека може да се утврдат нејзините особени одлики и да се определи нејзиниот својствен гениј.
Да започнеме со една забелешка што пред четириесет години ја изнесе антропологинката Естер Њутн.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Тие мислеа дека вградувањето на железни прачки ќе ме одврати од намерата да летам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ако мислиш со него да ме одвратиш да не го читам писмово, се лажеш.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Не ме одврати ни испробаното тврдење дека таму не можеше да се пушти ни игла, а да не се забие во некакво не употребливо нешто.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)