ме (зам.) - одмери (гл.)

Виндоусот бесшумно се крена, и едно друго марсовско око (заштитен знак на компанијата за антивирусни програми) строго ме одмери.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но штом се заврте кон мене и ме прострела со очите, штом ме одмери од глава до петици, малку подзастана, потоа се стресе и возбудено рече: - За вас имам друг петел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А сега? Сега имам четиринаесет години, и нема човек, ако не ме видел извесно време, да не рече зачудено: „Леле, Бреза, колкава си пораснала, голема девојка си станала”, и да не ме одмери од глава до пети, загледувајќи се во мене како да сум осмо светско чудо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми доаѓа на таквите да им речам, што сте зинале бре, што има толку интересно да се гледа на мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме одмери со студен поглед од кое морници ми полазија по грбот и се изгуби зад тезгето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога заврши, ме одмери уште еднаш и се врати зад влажното тезге.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме погледна под очи, ме одмери со недоверба од која грлото ми се сушеше и подаде рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но штом 120 okno.mk ќе излезам надвор сите ме одмеруваат од глава до петици, се качувам во мојот мини морис и тогаш можам да чујам на десетици највулгарни пцости.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За таа прилика ја облекувам кратката розова бундичка а ла Лајза Минели и оние жолти сомотски панталони.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)