Не вака, обично, секојдневно, па башка и пишувала за мене некои нешта што воопшто не би сакала се откриваат пред другите!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Потсетуваше на мене по многу работи, само што мене немаше кој да ме види и да ме опише затоа што се удрив во четири часот наутро, на ѕидот оставив цела црвена шлаканица и од еден сон потонав во друг, црвен, тежок, и се разбудив слично како и тој, со некои лекари околу мене и со отворена уста.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дејан го сретнав во дворчето. По два дена од мојот притвор сфатив дека можам да шетам низ тоа дворче заедно со другите мумии од одделот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Таа пишувала сè што ќе и падне напамет, а никако да се обиде малку да ме опише поубаво, и подобро отколку што сум, да измисли нешто, да личам на вистинска главна личност од роман.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)