ме (зам.) - ослободи (гл.)

Веќе не сум под контрола. Куно Кон ме ослободи; благодарна сум му за тоа.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа претпоставка ме ослободува од секое ропство.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Господе, па нели ги расчистив сметките со сплаварот за да ме ослободи од адот, се мачеше во сонот цела облеана во пот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби оваа изјава вешто ве потсети на некоја епизода од серијалот „Зад границите на возможното“, но фактот дека ваквите ситуации ги решавав со селотејп и парче хартија, неочекувано брзо ме ослободи од тешкиот глобален товар врз спорниот патоказ.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Заклучокот ме ослободи од грижа: не ми можат ништо загатките кои инсистирачки чекаат решение.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но таа секојдневно упорно настојуваше да ме ослободи од сите тие обврски, за кои, веројатно, сметаше дека е прерано да ги носам на себе и успеа во тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Безброј пати ја, повторив својата приказна кој сум и од каде дојдов, сѐ до утрото кога ме ослободија и пратија човек да ме следи до бренчот на Сити банк.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А тој беше гас и гаќи со преседатељо на општината мислеше дека нему никој ништо не му можи и тој, заедно со овој Војнета наш мене ми ги имаше пуштено партизаните да ме убијат зошто сум бил кмет и сетне со нивни ниспет партизаните ме затворија а и уште да можи нешто најлошо тие мене ќе ми го сторат зашто тие сет вногу лоши луѓе ама и овој партизанскио суд што не ет суд туку суди само накодошени луѓе мене мана не можеше да ми најде и ме ослободи ама Трајко Казиловски и Војне мене дрвата не ми ги имаат заборавено и ако им дојде на колај тие мене пак и најлошото ќе ми го направат“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Приоѓа невидлив за другите и ме ослободува со допир од јаремот и од синџирите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги сретнеш ли залет земај – пат под нозе, да те нема!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Виде не виде, Жеро Жерав зеде да измислува прикаска со која сакаше да ме ослободи од стравот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мајка ми се насмеа, ама забележав дека ја разбра сета сериозност на моето предупредување и ми се причини дека ѝ е жал за мене, што толку голема мака си имам и што не е способна да ме ослободи од неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во нејзината насмевка тогаш ми се виде дека има нешто што таа одвај чека да ми го соопшти, ама се воздржува оти смета дека не е сè уште време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Мртвите ја немаат среќата да решаваат проблеми, а уште помалку да исполнуваат желби“ ме сепна предупредувањето изречено лично од мајка ми некогаш одамна, веројатно со единствена цел да ме ослободи од збунувачките пораки, што можеби ќе се обидат да ми ги наметнат лековерните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Но паметам еден твој совет што е и вистински остварлив и јас постојано си го повторувам (и реков откако спомените истекоа):"Секогаш имај го предвид и не изумувај го правото на избор!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само во едно сум сигурен, во врска со сите изречени и неизречени пораки: мајка ми сметаше дека нејзиниот живот не треба да го земам за пример.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А можеби и самиот живот ќе се обиде да ми ги препорача тие збунувачки пораки, а не оние лековерници што некогаш одамна животот ги има збунето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кои се тие нови податоци и кој ти ги даде?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но жената која можеби и беше тетка Боса, откако ме ослободи од прегработ кусо рече: - Пратив двајца да го зазборат! – А потоа многузначно ме погледна. – Сакав да сме сами кога ќе ти ја соопштам новината дека твојот братучед и вистински преживеа. – Зошто велиш дека преживеал кога и досега го сметавме за жив. (Го употребив зборот сметавме за да ја потсетам на досегашното нејзино тврдење дека Благоја е жив но да ја изразам и мојата подршка на нејзиниот ваков став иако верував дека братучедот Благоја одамна е мртов).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Приоѓа невидлив за другите и ме ослободува со допир од јаремот и од синџирите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таа претпоставка ме ослободува од секакво ропство.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но брат ми ме ослободи кога ми рече: Да не се плашиш зашто и тате знае сè.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)