ме (зам.) - охрабри (гл.)

Така, размислата на академик Божин Павловски дали треба да се побрза со преведувањето на делата на Стојан Христов на македонски јазик, академик Блаже Конески, меѓу другото, му посочил на овој наш денешен деец исто така Македонец од Македонија и Македонец од македонската дијаспора: Кога се интересирав дали треба да се побрза со приопштувањето на македонските автори кои создале дела на други јазици, тој (Блаже Конески) ме охрабри со тврдењето дека се работи за творештво кое природно ќе си легне во нашите традиции.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Нема да се качуваш по козја патека на колена, чедо божје“, го слушам како ме охрабрува во подвигот со наслов: „Бог не ги љуби само оние чиј адут е дека биле имот единствено на еден маж“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа парабола ме охрабри, оти сфатив дека чтението е работа опасна, речиси подвиг, дека е борба со ѓаволот-пајак на живот и смрт и дека најчесто самоуверениот се заплеткува како мушичка во словата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Часовникот на вселената заден чекор ти одбројува.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ќе имаш среќа некој да те води, - побрзо да ме охрабри Водомар.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе лета пред тебе, а ти следи го и ќе дојдеш до целта.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Куќата што воздивнува се обиде да ме охрабри: - Веќе претскажав – ти ќе ги спасиш нашите момчаци од јамите во рудникот на Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ете, гледаш? – ме охрабри тој. – Самата можеш да забележиш дека секој има свое време и дека тоа не е едно и еднакво за сите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И таа ноќ ти реков, ние во Индија поинаку од вас гледаме на времето и на просторот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми ме испрати до лифтот и ме охрабри со потчукнување по рамото.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Овие зборови силно ме охрабрија. Никогаш не ги заборавив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додадов дека по правило во постапките на поединецот е присутен и неговиот личен интерес, се разбира во колку таков интерес постои, а во мојов случај токому тоа ме плаши, постоењето на некое недоразбирање или туѓ интерес.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стариот писател се смееше и веројатно не ја беше слушнал мојата претпоставка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби тоа ме охрабри да продолжам да објаснувам дека поединецот, па и во случаевите кога е преставник на високите органи за заштита на државата, има моменти кога едноставно не сака а можеби и не е во ситуација себеси да се смета само за механички дел од целината која мора да настапува само тимски за да ги оствари заедничките интереси.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и ме охрабри да спомнам дека смртта на нашиот поет се поврзува со една негова голема љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од некого барав зрнце мудрост за да ме охрабри, некој да ми каже дека таа вистина не е вистина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ти си последниот што го чекавме - рече со очигледна намера да ме охрабри.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)