ме (зам.) - очекува (гл.)

Пред портата, наместо мојата бела куќа, опкружена со високи борови, ме очекува сива осумкатница, со широко бетонирано плато пред неа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Изненадување! Кажи ми искрено дали ме очекуваше? - Дааа! Дааа!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дома ме нема по цела недела, та наместо мир и тишина да има и да одморам, ме очекува хаос.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега и јас ќе одам по неа во станот каде што ќе ме очекува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тука ги гледам неколкуте генерациски другари што ме очекуваат поради групниот портрет.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Арно ама, мене не ме очекуваа, па за секунда чувствувајќи се како натрапник кој ја узурпира „гајбата“, занишав со глава и бргу-бргу исчекорив, божем до тука треба да патувам... ете, на гости во комшилук на втори..
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се сврте и, како да ме очекувал, ми даде знак да седнам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Не ме очекуваше. Мислиш - пијан сум.“ „Не те очекував. Не мислам.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Ти во оваа доба!“ Почувствува дека грлото му е суво, се напрегна: „Не ме очекуваше?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На животните им го зеле животот страшните бубалки.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сеедно штом ме очекува утре и подоцна, ќе продолжам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Желбата ќе се појавеше одненадеж, кога најмалку ја очекував и ќе ми ги однесеше сите мисли натаму, кон тие непознати земји и градови што ме очекуваат, а никако да ме дочекаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Особено ме опседнуваше желбата за Дизниленд и бидејќи знаев дека е таа сосема неостварлива, се ориентирав не кон американскиот туку кон европскиот Дизниленд, што се наоѓа во Париз.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Истовремено, ме подготвија да се спротиставам и да излезам накрај со сѐ што во иднина ме очекува поради моето егејско потекло.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Им здодеаја провидните сарајски игри за власт На големата капија на резиденцијата под сенката на палмите ме очекуваше Гзиме со децата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме очекуваше познатото ведро лице на шефот на дипломатскиот протокол на претседателот на републиката, познаник уште од времето на предавањето на акредитивните писма на претседателот Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред капијата ме очекуваше шефот на претседателскиот протокол.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби некој таму ме очекува, некој кој ќе ме одведе и ќе ја одреди мојата судбина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Беше пладнето од концертот на Елса Пијаџо де Тарели во Одеон, се облеков неволно, насетувајќи дека потем ќе ме очекува несоница.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Идам, мама. Ќе стигнеме на тој твој Бах и на тој твој Брамс.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бев во голема невола: ми претстоеше итно патување; еден тешко болен ме очекуваше во село оддалечено десет милји; силна снежна меќава го исполнуваше просторот меѓу мене и него; имав кола, лесна со големи тркала, токму онаква каква што е потребна за нашите патишта; завиткан во бундата, со ковчежето со инструментите в рака, веќе стоев во дворот, подготвен за пат; но коњот, коњот го немаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вратата се отвори и се заниша на ментежињата, отворајќи се и затворајќи се.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ме очекуваше да одиме заедно во градот, до градската куќа, каде што се очекуваше Мајка Тереза да биде прогласена за почесен граѓанин на својот роден град.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)