ме (зам.) - повредува (гл.)

И, отидовме на Зајачки Рид: газдата на Земанек (многу ме повредуваше тогаш тоа што тој, Земанек, самиот го именуваше не по име, туку како газдата) беше фалбаџија и ние моравме да ги слушаме неговите самопогалби; ни ги раскажа сите трки во кои учествувал и сите свои успеси кај жените по трките.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
-„Зошто Јас, зошто боли толку многу, зошто секој збор ме повредува, зошто секоја насмевка ми е толку туѓа, зошто е толку тешко да заборавам?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Постојано се трудев да му објаснам како се чувствувам, што ме повредува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Само во твоите прегратки наоѓав сила да се разбудам и да вдишам од свежиот зрак на новото утро.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)