ме (зам.) - погледнува (гл.)

Некои и не ме погледнуваа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ме погледнуваше со подозирање и, така, со свои мисли во главата, одново се свртуваше кон работата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не е лошо да се има долги нозе, велам јас. Тој ме погледнува недоверчиво.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мрзоволно се влечев по нив по малку навреден што не ме погледнуваат, застанував полека и гледајќи го широкиот грб на Баждара се губев во нејасни мисли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Знаете ли каде ова се случува?“ - ме погледнува. „Не“, одмавнувам со главата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бидејќи речиси и не ме погледнуваше, воопшто не ни забележа како од нејадење и неспиење за една недела се претворив во бледа вреќа коски.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Откако тетка Олга од другата страна го грабна телефонот, очигледно алармирана дека некој се јавува од странство, и покрај тоа што не стоев блиску до мајка ми, можев да го слушнам целиот разговор, од причина што и тетка Олга врескаше како да се довикуваат со братучетка ѝ од едниот до другиот крај на огромно поле.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми се насмевнуваа со некоја нагласена симпатија, заговорнички ме погледнуваа, а притоа настојуваа на некој посебен начин да ми ја изразат својата поданичка покорност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само се снебиваат и жално, о боже, колку жално, ме погледнуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Војникот се исправи и ме погледнува. Одвај го познав. Секулета Дамјановски. Се враќа на отпуска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме погледнува и таа, ама се прави дека не ме гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уља ме напокри и отиде да топли вода. Оди и се враќа жената. Едно задруго се повраќа, ме погледнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)