ме (зам.) - предизвика (гл.)

И двајцата добро знаеме на која жена мислиме само јас отскокнувам кај неа љубопитен и на вишини навикнат не можев да си замислам толку еднолично и неразонодено суштество рамна снага рамен говор несовршенството ме предизвика потсвесно, како што обично се вели правев трикови за забава на народот покажував нови мустри шарпи шешири шпилови стапчиња топчиња кутивчиња бели гулаби за бела магија создавав драмски штимунг го извлекував резервниот маж последниот џокер од мојот долг од што е дупнат џеб, немав време за колебање носев кружна насмевка - рингишпил на лицето каде јас, таму таа!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Свеска ми уште се надева дека сексуално ќе ме предизвика. Од секогаш била таква глупача.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се сеќавам, Стомачето во многу моменти од здодевност сакаше да ме предизвика.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
-Сега ме предизвика, да ти раскажам една поучна приказна: Едно дете побарало од мудрецот да му исполни желба: „Сакам да бидам најсилно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Погледни како се обидуваат да ме предизвикаат - внимателно ѝ реков на Пеперутката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А.А. молчеше неколку мига. Не сакаше повеќе да ме предизвикува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кој е тој во мене што ме предизвикува на двобој? (Учи за да дознаеш сè, но самиот на себе остани си непознат), гностик.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)