ме (зам.) - презира (гл.)

Ме презираш што не сум „чист” книжевник.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Ме презира, бедник - беше лут на своето неспретно тело, но бесот лесно го прекри со насмевка – Би го погледал Градот оттука!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сакав на Луција да ѝ кажам дека воопшто не ми е грижа ни за нејзиниот народен дух, ниту за партијата што го брани, и дека сѐ што сакам е да ја фатам за рака, да ја прегрнам и да ја одведам некаде каде нема ни народен, ни добар, ни зол дух, ни партии; на некој остров каде ќе можам до мила волја да ја бакнувам во папокот, да пијам вино од таа слатка чаша на нејзиниот стомак, да ја опсипувам со милувања и бакнежи; но не смеев да кажам ништо затоа што Луција гледаше сосема разочарано во мене, ме мразеше, ме презираше поради мојата недекларираност, поради отсуството на здрав корен во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А народните непријатели наместо да ме презираат, тие ме сожалуваа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)