Реков за што станува збор, дека не е голем проблем, дека за час може да се реши, но тие едноставно ме собраа, рекоа дека таму ќе објаснам, ме одведоа во квартниот оддел на полицијата, ме ставија во едно тесна просторија зад решетки и ме заборавија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И денес, кога минувам покрај сајџискиот дуќан на дедо Павле, сега папуџиски на Ахмет, сè уште можам да ги наслушам меѓусебните поздрави на занаетчиите додека со дедо ми наутро минувавме низ чаршија, на пат кон дуќанот: „Добро утро, газда Павле“, „добро утро, газда Јордане“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И што поскоро си одам настрана, инаку, си мислам, ќе ме соберат во милиција, а јас дама очекувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Јас ја фаќам за рацете, се извинувам, молам да ми прости.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сега ќе ме подберат, ќе ме соберат, си велам и се готвам да си ги голтам забите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По петнаесетина минути, пријателот ме собра во своето жолто, „тико“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
6. Ме собрал студот во ќелијата, ме залепил ко полжав, ко плуканица на ѕидот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Постојано има некои вежби и маневри. Се плашам да не ме соберат и мене.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)