Бев навредена зошто учителите да знаат дека сум сирак, напротив сакав сите да знаат дека имам родена мајка како и другите деца, многу сакав и јас да имам мајка, а не да бидам сираче и сите да ме сожалуваат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ме сожалуваа. Бев дете и немав ставено дланка на женска дојка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со тешкото чувство, па и стравот во себе, не можев да проценам, дали ме мразат или ме сожалуваат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој ме сожалува, кутриот јас, си помислив резигниран.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тогаш се сетија дека не бев вечерал и дека најмалиот и најумниот син на царот Сонце и царицата Месечина живеел пред тисошти години.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби и вистински ѝ се присторило дека со мене не е сè в ред.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ми се пристори како да ме сожалува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)