ме (зам.) - стега (гл.)

- Не можам, Снежана цврсто ме стега. - воздивна куклата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Можеби ако не друго тој човек беше таков што ми ја лечеше осаменоста од која постојано ме стегаше срцето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мене нешто ме стега во грлото, нагло ми се плаче, ми се плаче заради моменталното разбирање без зборови, заради ненадејната поплава на топлото братство, заради соголеноста на ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ми заседнала како мора на душата ме стега, ме дави... и слатко ми е! Е, тоа ми е храна...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Ех! Знам и јас... Пари им требаат! Пусти да им останат... (Чекори нервозен).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
— Што е сега гушкањево, ја прашувам, а таа само ме стега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме стега нешто ко неразгазен чевел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, тој никако не попушта. Ме стега околу гушата, ми го поткинува дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ништо: ме дават ковчестите раце од војниците, ме стегаат ко орлови нокти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И само ќе ме стега во себе, ќе ме прегрнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овде ме стега. Овде. А капетанот не веруваше.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Овде ме стега. Тешко ми е. Дома сакам да си одам. Што правам јас тука?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Нека умре тој. И јас преку жица. Уште ме стега овде.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Таа трепереше од страв и ме стегаше за раката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми натежна тој спомен, ме стега, ме гмечи и душата ме боли...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога размислувам, стравот ме стега. Послушај ме, од стравот воздух немам. Затоа бегам. Во бестрашност. Денес. Сега.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Или само пуштив пискав глас, оти овде, во грлово, сетив како ме стегаат прстите на болката?) Се сетив!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)