Благо струи низ жилите - целиот ме тресе.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не го сакаа тоа од некоја наклоност или добронамерност спрема мене, не ни дека би се откажале од своите сплетки, туку сакаа да им бидам блиску за да гледаат како одблиску ги слушам, да можат директно да ме зграпчат, да ме тегнат и да ме тресат за палто.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Само да ме тресе и да тлеам, да не може мршата да ми се умири.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Доказ за тоа е дека кога на времето ми бучеше во ушите и тоа уште посилно од сега, кога ме тресеа грозници секој час, бев многу понемеланхоличен...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тресе како во бура, се костурот се расклатува, забите цвокотат...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не можам веќе!... Дупката од газот ми се грчи... Серам во гаќи...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Другите гадови ме дрмаат, ме тресат, тие се посилните...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ја гледам празнината која во мене буди болка и морници ме тресат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се плашев за секој иден ден, треска ме тресеше од таквото однесување на големото преродено момчиште; јас со сигурност можев да претпоставам дека тој ѓаволски се преправа спремајќи се за иднината.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ме тресеше некоја чудна треска, во исто време и ме истоштуваше да не можам да останам будна, и ме протресуваше да не можам да заспијам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Влатко ме тресеше од правта. „Не ќе може вака“, рече Дејко, “да го однесеме до амбулантата.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)