ме (зам.) - успокојува (гл.)

Сепак, ни ги купуваше најголемите чоколади, највисоката елка за Нова година и секогаш знаеше што сакаме да ни донесе Дедо Мраз.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Помислата на Агна и на нејзиното скоро доаѓање, ме успокојуваше, Низ мене во тој момент врвеа настани и слики, слики на нежност, на подавање на рака, на галеж.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некако мир ме полазуваше и ме успокојуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Сине, тоа се само сенките од фикусот – ме успокојуваше таа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тој се смее. На некој чуден начин ме успокојува кога седам со него на клупата пред црквата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)