Иако зад себе го имаа големиот хит “Кажи ми”, иако дури и следниот сингл им беше хит, тие за Американците суште не беа супер-група. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 169
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во текот на педесетите постоеше голем проблем околу Лолита, па потоа околу издавањето на Љубовникот на Леди Четерли, а подоцна и поради Хенри Милер- овиот “Tropic of Cancer”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Политиката на цензурата во оваа замја отсекогаш ме фрлала во несвест - мислам, во секое време можеше да отидеш на 42. улица и да видиш кур и пичка и цицки и газ колку ти душа сака, а тогаш одеднаш, некој популарен филм беше, заради неколку разголени сцени, етикетиран како неморален.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но попот се бунел, пијавиците на набожноста му ја цицале крвта однатре.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И ме фрла со дланката лесна в чудна игра, в чудно компонирање, изгаснувам во грч и умирање и се враќам в живот како песна.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Па и кој ли ветар вее и ме фрла в силен студ: дали сенка на див силен ели страден мајкин лик?
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Не верувам дека би можел некогаш да доживеам такво нешто: ме зграбија десетина раце во мракот и ме фрлаа од еден во друг агол.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ме фрлаа сѐ повеќе, дрпајќи ме и викајќи од радост.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Васј, секогаш кога сакаш да ми помогнеш ти ме фрлаш таму каде што не ми е местото.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не сакам да пливам по водите на злата судбина!“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)