ме (зам.) - чуе (гл.)

Со солзи жешки, да ме чуе, молби богу пратив пред светиот му моќен трон.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ме здобави очај, ми иде да почнам да викам на помош, но знам дека нема кој да ме чуе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ме чуја никаквеците, го чуја мојот хуманитарен глас во прилог на слободата на изразувањето, но се правеа дека не ме чуја, дека јас наводно својот глас сум го кренал откако тие си ги навлекоа црните надгробни плочи. Тоа не е вистина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Не можат да ме чујат“ - помислив.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ако ја не могу те чујем, барем ти ме чуј.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
„Ме чу. А сакаш да знаеш не квичам ли јас, не ли ме фатила твојата клетва да станам пес.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Тука сум, со тебе, не ти се присторува – рече Игбал спокојно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку многу ме имаше фатено страв што не можев да се концентрирам на таа мисла и јасно ми беше дека Игбал нема да успее да ме чуе преку таа негова телепатија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја поттргнав малку понастрана и тивко, да не ме чујат другите, ѝ реков: - Чекаш некого?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Од каде знаеш? – ме праша таа изненадено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како и би ме чул кога не знам на кој начин да го довикнам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, таа ме чу. - Каков Бак, што е тоа со Бак, за што зборуваш? – ми се сврте.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мамо, Бак го нема! Побегна! Леле, кутриот јас, Бакче мил наш, го нема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да ме чуе некој, ќе помисли – сум збудалела.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
АНТИЦА: Во тоа време човеков си врвел по улицава наша и како што ме чул кај што пиштам, застанал под пенџерињава наши да чуе што станува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- И продолжив гласно да ме чуе и Ана: - Ти си крадец, го дигна и зелениот автомат, и вазата од куќата на докторот, и -сѐ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Без да ја запалам ноќната ламба на мојата работна маса, се облеков и на прсти, за да не ме чујат татко ми и мајка ми, излегов од дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Мечка, - ѝ шепнав јас за да не ме чујат девојчињата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога останав сам во собата се расплакав тивко, никој да не ме чуе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Погледни ме добро, пред да ме чуеш. Јасно ти е: не изгледам како човек што лаже, не сум расипник, не ја расфрлувам својата чест.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мислев дека не ме чул, но се излажав.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Им викнав, иако не бев сигурен дека ќе ме чујат: - Збогум, Ќе ви пишам...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Бев во џунглата во која лавот му ја изеде сенката на Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Не можам. Ете така, мислам - и да не ме чуе би ми било како да го навредувам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој ме чу, дојде и ме сметна. Ми ги затвори очите да не гледам и ме изнесе од дворот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури со напор се обидував да се сопрам, за да не ме чујат, продолжив да се смеам во себеси.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не знам дали ме чу Секуле Дамјаноеки, не знам дали зауши што му велам, ама сигурно виде кога си отиде дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали не знаеш дека никој оттаму не се вратил, си редам, ама тивко да не ме чуе, редам, и со жешки солзи го утопувам лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знам дека нема кој да ме чуе, нема кој да ми се одѕвие. Ама имало. Ми дојде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)