ме (зам.) - од (предл.)

Избави ме од сите искушенија што ми стојат на патот, направи болката помалку да боли.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги мразев афоризмите и никогаш не дојдов да ти речам крвта не е вода, извади ме од смоларата и стави ме на началничка маса.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш се прекрстив онака како што татко ми велеше, ко што ме советуваше, се прекрстив и изустив: „Господе Боже, ангелу што ми стоиш на десното рамо, чувару, Спасителу...спаси ме од рогатиот, од оној кој со Господа бил, а Господ аждер го престорил, наземи го испратил. Спаси ме, Боже, од сатанаил.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Најди пари, откупи ме, откупи ме од татко ми!... Не давај ме на друг, Костадине!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
За дотаму ли сум дојдена?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Избави нѐ од лукаваго... избави нѐ од лукаваго... повтор повторува - избави ме од помислите на мачно минато... да не ми се скориваат темни јадови... не бидува - да не би - Скраја да е! - да се вратат...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со денови седам врз долапот а пак таа ме зема в раце само кога брише прав преместувајќи ме од едно на друго место.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Васј, не симнувај ме од среќата“, молеше тој, а јас, збунета од неговите зборови или од неговата чудна неприсутност, ги расчеречував очите, гледав околу него, се напнував да го видам она што тој можеби навистина го гледа, а таму ништо освен ништото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)