ме (зам.) - и (чест.)

Погледни ме внимателно. Ако не ти личам на измамник слушај ме и понатака и немој да се смееш кога ќе ти речам дека тие луѓе имаа чудни лица; млечнобели, сиви, жолти, сини, зелени, секакви, само не какви што се нашите лица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
– „Аман, оче дуовниче, те молам, земи ме и мене со тебе на аџилак, за да се сторам и јас еден аџија, да и да умрам да не жалам“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се сеќавав на тие мигови кога во судницата, на масата со излижана маслинеста боја, се шеташе бледа неонска светлина, заминувајќи на десно, паѓајќи на подот, по паркетот, и пак враќајќи се од левата страна на масата, повлекувајќи ме и мене низ нејасни сеќавања за неизвесноста на кружното движење што од игра со сласт и страст се претвори во вител на силна и матна вода во која се губи свеста и престанува постоењето кое толку многу го сакав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Примете ме и мене во вашиов одред? - Засега не! - одговори Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
— Кажете што е, вели, викнете ме и јас да се радувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не оставај ме и ти, господе, се молам, барем ти опсени се, велам, подгази ја маката наша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)