А ѕверот во мене гледа ѕвер Додека си играм со неговите шепи Во вселената за самување И ги врзувам крајностите: Умирањето на денот, Раѓањето на ноќта.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Се наоѓам како во треска... Дездемона ги крева своите големи очи - во мене гледа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А ти во мене гледаше акт, шифра, параграф.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пред мене гледав веќе како почнуваше да се меша жолтото од сонцето и изгореното жолто долу на земјата и како полека сето тоа станува пепелаво.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога ја отворив вратата, ме пречека насмевка, отсонувана, посакувана, а малото мое се пикна во мене гледајќи во тој убав човек што го изговори моето име со глас на рецепционер од хотел „Белви“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- А вие, по умот на мангупите од одделение, а? – ја прекина мајка ѝ – Тие до полноќ во Луна парк и вие со нив!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не знам што им раскажала, а чичко Лазо сè во мене гледа и како од мене да бара потврда за приказната.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога се разбудив, до мене гледам друг човек.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред мене гледам наредени долги згради, со широки врати и високо мали прозорци со железни решетки.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таму во мене гледаа друга Милка, лицето ми беше како восок.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Уште еднаш отидовме во касарната, а мене умот ми се вртеше, не можев да одам како што треба.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Влегувам дома, а пред мене гледам некои големи инсекти, небаре оси и поголеми од оси како лазат по ѕидот. Почнувам да ги тепам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)