Остана еден крупен човек, темен, со густи мустаќи, седнат на трактор, Некој до мене рече дека било голема среќа што се нашол трактор.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
А Писмородецот позелене од злоба, и жолта, горчлива пена на уста му идеше, оти царот зборови многу пофални и сјајни за мене рекол, и сликата ја поставил на вратата од гробницата на својата ќерка, и му наложил на Писмородецот и мене да ме примат во врвниот совет на царот, најумните каде што седеа, со Писмородецот на чело!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
ЧЕКОР КОН СЛОБОДАТА
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Нас не нѐ бива за буна ни за бој, - не гледајќи во мене рече Додо. –Ние сме само покорни очајници.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)