Иако беше свртена кон мене иако не можев да и ги видам очите,таа гледаше преку мене и низ мене чекајќи го оној, вистискиот, да и вдахне живот, да врати крв и надеж во нејзиниот призрак.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ама веќе и не ми е толку црвен образот зашто на ред до мене чека господин кој, исто како мене, со врски е пуштен преку ред на следење на изотопот што патува низ внатрешноста, а нему му се радуваат студентките, ама онака без трошка воздржаност и слушам како го коментираат неговиот „стајлинг“ во костум со бела кошула и вратоврска, ама со спуштени панталони.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Свеската сега на мене чека со раката на мојата нога над коленото.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А потоа, кога веќе стоеше пред стаклото се сврти кон мене чекајќи ги натамошните упатства.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)