мене (зам.) - таков (зам.)

Додека за мене такво патување звучеше премногу неостварливо, зошто по принцип ретко имав таква луда среќа да ми се случи некое чудо како патување во странство, иако за некои луѓе тоа претставува секојдневие.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
ТОМЧЕ: А, татко ми! Чекај ти само, инаку ќе зборувам со него!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТОМЧЕ: Стојанко, зошто така зборуваш? Си чула од мене такви зборови?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дури и да се обидев да му се спротивставам, тој не ќе попуштеше, туку ќе почнеше да ми објаснува за некои опасни заразни болести што се добиваат од нечистотија, мајка ми ќе продолжеше во негов стил, а мене таквите нешта ми се страшно здодевни, зашто ги знам веќе напамет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
ЛЕНА: Има и среќни мајки.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
САЗДО: Имам. Но таа нема со мене такви проблеми.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Ми се отна смеа од градите. Ми стана смешно бидејќи си реков дека ќе мора да погледне зад штиците зашто мене таква ми е прикаската.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Му реков: Камбо, ти благодарам многу, ама од мене такво нешто не очекувај!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А покрај тоа, немам преголеми илузии и не би се осмелил да тврдам дека го знам патот што води кон тој толку посакуван (?), а воедно и тешко досеглив идеал, некој вид одговорно уживање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тоа не гледам ништо лошо; според мене таквиот однос кон феномените на популарната култура е најсоодветен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќепати слушаме дека кај популарната култура се работи за нешто површно (или “бездлабочинско”, ако го употребиме изразот на Frederic Jameson), но тоа сѐ уште не ги оправдува површните оцени, претходните квалификации и лесниот пристап.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)